хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
bik
петок, 19 јануари 2018

Денес бидете поскептични и поставувајте си прашања за секое случување бидејќи во спротивно, нештата лесно ќе тргнат во погрешна насока. Прашувајте ги вистинските луѓе вистински прашања и не откажувајте се додека не ја дознаете вистината.

јануари 2018

Изгледа дека славењето се завршило само за вас, останантите се сè уште лежерни и опуштени.

Тоа на работа едноставно не можете да го толерирате, бидејќи вашиот најважен проект ја чека својата завршна фаза. Не сакате да започнувате расправии со потенцијалните кривци. Во љубовта имате изврсна интуиција и слаба реализација. Иако добро чувствувате што е најдобро за вашите меѓучовечки односи, некако не можете да си помогнете самите на себе. Како да е се здодевно без заповедување и приговарање. Послушајте ги желбите на партнерот со насмевка и избегнувајте ги сите расправии и недоразбирања.

Важни броеви за месец јануари: 7, 11, 16, 20 и 23

2018

Во новата година ќе влезете навистина разочарани од некои пријатели, кои не ви помогнале кога ви било најтешко. Но, не им замерувајте. Живееме во такво време кога навистина е тешко да се најде вистински пријател. Ситуацијата ќе ве направи посилна личност и ќе ве научи повеќе да го цените вашиот живот. Последните две седмици од зимата се ризични и затоа посветете максимално внимание на сите ризични ситуации. За среќа, кон средината на годината ќе добиете некои новости и ќе ја решите вашата финансиска состојба. На љубовен план не очекувајте ништо ново до почетокот на есента. Тогаш започнуа период во кој ќе бидете занесени од личност со зелени очи.

Работа: Во првата половина од годината нема да имате некои големи промени на работното место. Важниот период ве очекува за време на летниот период, односно на средината на годината, кога ќе биде многу важно да донесете паметни и правилни одлуки, кои многу ќе влијаат врз вашата понатамошна кариера. Одлуката којашто ќе ја донесете, ќе влијае врз втората половина од годината, а запомнете дека ќе имате шанса значително да ја подобрите својата финансиска ситуација. Затоа, убаво размислете!

Љубов: Љубовниот живот ќе ви биде стабилен, односно непроменет сè до крајот на есента. Пролетта и летото ќе ви поминат без некои поголеми турбуленции и ќе ја задржите вашата сегашна љубовна состојба. Откако ќе настапи есента, можно е да ја запознаете вашата сродна душа и да започнете убава и возбудлива љубовна врска. Сепак, бидете внимателни во донесувањето на крајната одлука, бидејќи таа ќе ја одреди вашата иднина.

Здравје: Физички ќе бидете во добра состојба. Сепак, психичкото здравје можно е да ви биде нестабилно, како последица од предавства од блиските пријатели. Не очајувајте, простете им на сите и продолжете понатаму. Вашето здравје и баланс треба да ви бидат на првото место, затоа не дозволувајте никој да ви го наруши тоа.

Останато за бик
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Бикот, вториот знак во хороскопот, за разлика од Овенот кој ја сака играта, бикот ги сака наградите по играта. Физичките задоволства и материјалните добра се она во што уживаат припадниците на овој знак. Тие сакаат ...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Бикот е старомоден тип кога станува збор за љубовта. Тој е комплексна комбинација на цврстина и чувствителност. За надворешниот свет тој може да биде сосема различен, но однатре тој е безнадежен романтичар кој ја ба...>> Хороскоп секс СЕКС Кога Венера или Марс се во знакот на бик, неговата сексуална природа ги вклучува сите сетила. Допирот и мирисот се исклучително важни за овие љубовници. Toj e физички најактивен кога станува збор за сексуалната игр...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Желбата за слаткo и маснотии е најголемата слабост на бикот. Наместо тешки и масни торти, може да пробаат пудинг со малини или јагоди. Или пак парче ананас, кое исто така, може да заврши одлична работа бидејки има а...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Бикот може слободно да се смета за пчела-работник во хороскопот. Тој е сигурен и лојален, со леснотија работи кога има добар тимски играч. Исто така е практичен и темелен, како што му доликува на знак чиј елемент е ...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Стабилниот бик знае како да раководи со парите. Оние родени под овој знак се одлични со пари, веројатно затоа што знаат да ги ценат. Тие, исто така сакаат добар живот, кој обично чини многу пари. За среќа, на бикот ...>>
Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Наредните денови после празниците:
– Да го фрлам ли или ќе го јадеш?
– А, расипано ли е?
– Ако планираш да го јадеш, не е расипано!

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...до ден-денес, кралицата Елизабета има испратено над 50.000 божиќни картички.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Напиши нешто вредно за читање или направи нешто вредно да се пишува за него - Бенџамин Френклин.

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
taiva hidro
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано