хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
devica
недела, 25 февруари 2018

Секоја комплицирана врска всушност има едноставно решение, само треба малку да се размисли. Проблемот е што вашиот партнер и ви помага и ви одмага а вие навистина не знаете како да се справите со тоа. Во последно време тоа дополнително ви ги отежнува работите, но обидете се да ја задржите главата студена. Само дајте им до знаење (за да има фер однос) дека ќе ги толерирате се додека не ја преминат границата. За последиците самите си се виновни.

февруари 2018

Февруари ви носи можност за значајни остварувања во кариерата. Најголем успех ќе постигнете ако се занимавате со работа во областа на технологијата. Ќе бидете во можност да ја проширите вашата работна понуда и да ја подобрите соработката. 14 февруари ќе ви донесе потешкотии во преговорите околу еден важен проект. Ќе ви биде тешко да се договорите околу финансиските конструкции, со што ќе се успори остварувањето на вашите планови. 17 февруари ќе ви донесе подобрување во односите со претпоставените. Ќе ви бидат доверени поголеми одговорности, што позитивно ќе влијае врз вашиот напредок на работното место. Во втората половина од месецот ќе имате успешни јавни настапи, како и добитоци низ области на забавата, просветата и креативните проекти. На крајот од месецот избегнувајте ризични вложувања и бидете повеќе штедливи, бидејќи можно е да се соочите со нестабилна финансиска ситуација. Невработените девици ќе треба да се потрудат околу барањето работа и околу презентирањето на своите способности.

Ако сте во врска, нема да можете да се ускладите со потребите на вашиот партнер, а тоа може да предзвика расправии, со што ќе посакате да се повлечете и да бидете сами. Можно е да имате расправии и со другите личности кои ви се блиски. Во втората половина од месецот ќе дојде до смирување на тензиите, но ќе биде неопходно да се смените во односот со саканата личност. Ќе ви биде полесно да го подобрите односот, но сепак тој ќе остане нестабилен и променлив. Ќе бидете склони на сомнежи и нереални согледувања на реалноста. Ако сте слободни ќе се чувствувате малку разочарано од една личност која подолго време ви се допаѓа, бидејќи ќе сфатите дека со таа личност не можете да го остварите тоа што го сакате. Тој ќе биде само пролазна авантура. Во втората половина ќе се заљубите во некој кој делува многу привлечно. Ќе почнете да сонувате и да идеализирате, но нема да се потрудите доволно за да го привлечете вниманието. Кон крајот на месецот ќе дојде до будење на страсти и секс со таа личност, но и до разочарување.

Потребно ви е повеќе физичка активност. Здравјето ќе ви биде стабилно, а ќе ви годи излет на планина. Сменете ги навиките и исхраната. Консумирајте полесна храна која му одговара на вашиот организам. Ако не знаете што да јадете, тогаш одете кај нутриционист и придржувајте се на упатствата. Потребно ви е повеќе овошје, особено сушено, како и млеко, семки од тиква и кикирики.

Важни броеви за месец февруари: 1, 12, 15, 23, 27

2018

Вашиот уметнички талент и вишокот емоции многу често ви создаваат проблемите. Вие едноставно не сте родени во вистинското време и на вистинското место. Сепак, успевате да се справувате со неволјите и понекогаш уживате да го анализирате расипаниот свет околу вас. Една личност сето ова време ја следи вашата работа и ќе ви понуди соработка, за која треба убаво да размислите. Планирате во текот на годината големо средување на домот, но сепак конечните одлуки донесете ги со партнерот и препорачливо е да го послушате неговото мислење. Здравјето би требало одлично да ве служи, единствено ви е потребна контрола врз стресните ситуации.

Работа: Ве очекуваат некои прилики, од кои некои ќе бидат навистина привлечни, а и плодоносни. Добро проценете ги и оние кои ви личат на добри и исплатливи, прифатете ги. Доколку пак сте во ситуација да барате работа, тогаш можно е да добиете понуда за странство. Голема веројатност е дека тоа ќе се случи во текот или на крајот од летото. Бидете спремни и добро размислете околу понудата. Запишете ги сите предности и мани од тој потег, пред да дадете конечен одговор.

Љубов: Кога станува збор за љубовта, оваа година нема да донесе многу нови работи. Оние кои се слободни, кон крајот на годината можно е да ја запознаат вистинската личност, која конечно ќе ги исполни сите очекувања. Сепак, бидете внимателни и не опуштајте се премногу, бидејќи тоа се важни животни одлуки кои треба да ги донесете кога сте потполно сигурни во вашиот избор.

Здравје: Здравствената ситуација ќе ви биде добра во поголемиот дел од годината. Единствено на кое треба внимавате е стресот и како се справувате со него. Размислете за тоа да почнете со некои курсеви или почнете да читате книги за тоа како да се справите со стресот, како и книги со позитивна психологија.

Останато за девица
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Девицата, шестиот знак во хороскопот, е земјен знак, a родените во овој знак се многу нежни и тивки лица, кои сакаат ја сакаат природата, и тоа најмногу мали и нежни животни и растенија. Девиците многу внимание обрн...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Пребирливоста во љубовта може да биде предизвик за Девицата кога ќе се вклучат нејзините високи стандарди. Како перфекционист, понекогаш е тешко да се измерат нејзините критериуми. Првите љубовни состаноци за девиц...>> Хороскоп секс СЕКС Секс за девиците е телесна функција, неопходна за здравјето и општата благосостојба. Сo секојдневните стресови и тензиите се ослободуваат преку секс. Тие се заведени од страна на луѓе кои во голема мера сакаат да по...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Повеќето девици се хранат здраво. Всушност, тие често се први во редот за органски производи на пазарот или во маркетите. Во однос на своето здравје, најмногу од сè треба да се фокусираат на своите нерви, бид...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Потребна ви е брза поправка? Јавете и се на девицата. Оние родени во овој знак едноставно сакаат да ги анализираат и да разгледуваат предмети така што ќе доjдат до некои одговори. Паметните Девица се советници и пом...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Родените во овој знак се скромни луѓе, кои се благословени со здрав разум и самостојност, како и способност добро да управуваат со своите финансии (како и со туѓите. Нивната претпазлива и мисловна природа, им дозвол...>>
Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано