хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
oven
понеделник, 11 декември 2017

Споделете ја вашата одлична енергија со некој близок. Уживајте заедно во моментите на среќа. Оваa дружба ќе направи да бидете уште поблиски.

ноември 2017

Ситуацијата не ви е тешка, имате проблем со себе. Бидејќи влегувате во еден подолг период кој ќе ви ги донесе бараните одговори, на кој начин ќе можете да го надминете сето она што ве мачи на деловно поле, промените, вработувањето, решавањето на важни животни прашања кои се однесуваат на кариерата... прифатете ја објективната ситуација и сè ќе тргне кон подобро. На пат сте кон голема духовна преродба која директно ќе влијае на иднината на кариерата, во позитивна насока.

Во текот на ноември доаѓате до конечни одговори, што понатаму со старата врска. Ќе имате можност во неколку наврати да стапите во контакт и да се сретнете на старо место. Ако успеете да ги решите недоразбирањата до кои дошло поради нечии лоши коментари, смирувањето ќе биде успешно. Во меѓувреме може да дојде до ново познанство кое повеќе ќе ви одговара. Тогаш дефинитивно старата љубов ќе биде минато. Симпатиите се на повидок на работното место и тие во текот на ноември водат кон тајна љубовна приказна. Личноста која се разликува од другите по бојата на гласот и начинот на комуникација ќе ве освои на прв поглед. На љубовен план ќе ве следи неверојатна среќа без разлика дали сте во врска, во брак или пак сте слободни. Ве очекуваат убави промени и емотивна исполнетост.

Ако сте имале сериозни здравствени проблеми, од почетокот на месецот надевајте се на подобрување.

2017

Одлична година за кариера и финансии, како и позитивна внатрешна мотивација.


Работа и финансии

Ова не значи дека треба да почнете да трошите без осет, но 2017-та ќе биде одлична година на поле пари. Многу работевте, па времето за исплата конечно дојде. Многу ваши проекти, идеи и деловни потези ќе ви дадат позитивни резултати во почетокот на 2017-та. Тоа може да значи време е за унапредување, скок во кариерата или развивање нови идеи и планови.

Повеќето деловни способности ќе дојдат до израз на самиот почеток од годината, па затоа целете високо. Може со сигурност да се каже дека треба да бидете одлучни, да не се двоумите, бидејќи сè што ќе замислите ќе звучи како одлична идеја

Избегнете го потпирањето на другите, посебно ако се работи за некоја Вага или Рак. Најдобро ќе функционираат оние кои не зависат од други, односно оние кои ќе го следат сопствениот темперамент.


Љубов, семејство и социјален живот

Понекогаш, успехот на една област значи повеќе ангажмани во друга. Па така, семејните и интимни односи на Овните ќе бидат малку затегнати во почетокот на 2017-та. Поточно, може да излезат од контрола. Бидете подготвени за бури и кавги дури и при најситното несогласување врзано за семејството или саканата личност.

Игнорирањето на малите предупредувачки знаци може да доведе до големи проблеми. Ако сакате хармонија во 2017-та на приватен план, бидете подготвени да разговарате за проблемите. Бидете полни со желба за решенија, не препуштајте ништо на случајноста.

Ако на почетокот од годината издржите без да ги прекинете односите и врските, драматичните периоди ќе поминат, па остатокот од годината нема да имате големи препреки.

Ако сте сами, барајте партнер во знакот на Стрелец или Риби. Ако планирате брак, направете го тоа во втората половина од септември.


Здравје

2017-та ќе биде стабилна година на ова поле. Искористете го доброто здравје за повеќе вежбање на телото, срцето и умот. Хранете се здраво и спијте повеќе од досега. Ова е одлична година да се пробате во некој нов спорт. Пронајдете добар начин да ја канализирате енергијата.

Останато за овен
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Овен е првиот знак од хороскопот, а тоа е доста очигледно за оние родени во овој знак, бидејќи секогаш се гледаат себеси во прв план. Тој е лидер, во прв ред на трлото. Овенот повеќе сака да иницира отколку да заврш...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Во љубовта, овенот е „еден на едeн” тип на личност. Тој го става својот партнер на прво место, a истото го очекува и за возврат. Ако тој не чувствува дека ја има главната улога во универзумот на својот п...>> Хороскоп секс СЕКС Кога Венера или Марс се во знакот на овен, сексот е најдобaр, спонтан и неограничен. Овие луѓе се „топат” кога нивниот партнер им се предава невино и чисто. Некои од нив се гладни за проблеми во љубовта ...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Затоа што се секогаш на брзање, се случува често да прескокнуваат оброци или да консумираат брза храна. Наместо тоа, најдобро е да си подготват пластична ќеса со овошје или јаткасто овошје (кои го подобруваат имунио...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Дали сакате овен во вашиот тим? Секако дека да. Оние родени под овој знак се силни конкуренти и ја сакаат играта, без разлика дали тоа е игра во бизнисот или, општо, во животот. Тие не сакаат да губат, што значи дек...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Дали овенот бара слава и богатство? Додека тој е во потрага по големи потфати и проекти во однос на кариерата, повеќе од веројатно е дека ќе постигне богатство, но тоа ќе се случи само како резултат на неговата неве...>>
Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva