хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
vaga
понеделник, 11 декември 2017

Вашата енергија е на ниско ниво па затоа немојте да се форсирате да излегувате надвор и да комуницирате со сите луѓе кои ќе ви се најдат на патот. Обидете се денес да останете дома и да обрнете внимание на себе. 

ноември 2017

Ве следи добро чувство уште од почетокот на месецот. Ако барате работа или сакате да се преместите, ноември е како создаден за таква реализација. Личностите со кои сте во добри односи, ќе ви бидат главната поддршка. Главно се работи за жени кои се подготвени да ви излезат во пресрет. Поволните околности ви даваат можност да ја  поправите грешката од порано или да ја искористите можноста која некогаш сте ја испуштиле.

Со почетокот на ноември влегувате во еден важен животен период, кога станува збор за љубовта. Во вас се будат внатрешни сознанија, што навистина сакате, каков партнер сакате, дали се враќа мислата за некоја стара љубов... Желбата за смирување со партнерот со кој веќе подолго време сте разделени, ќе биде остварлива. Ако сте сфатиле дека тоа е љубовта на вашиот живот, смирувањето ќе биде успешно под услов и двајцата да сте го осознале своите грешки. За нова љубов наклонета ви е втората половина на ноември. Позитивна, длабока емоција во вас будат личности од водените знаци: Рак, Скорпија или Риби. Љубовта ќе ви биде возвратена на најубав можен начин. Кон крајот на ноември може да биде актуелна љубов со влијателна или повозрасна личност.

Најпосле својот живот го доведувате во посакуваниот ред. Тоа позитивно ќе влијае на вашиот организам и здравје.

2017

Сигурно ќе се појави некоја личност која ќе се обидува да го добие вашето внимание, но важно е да ги држите страстите под контрола. Не сакате ветувањата за вечна љубов да согори во пламенот на оваа романса.


Работа и финансии

Оваа година многу работи ќе ве мачат, почнувајќи од лошата финансиска одлука, па сè до лошиот тајминг за сериозни одлуки. Колку и да сте немирни, важно е да не паничите.

Користете ги способностите бавно и стабилно да ги решавате проблемите. За да се вратите на правилниот пат ќе биде потребно да преуредите неколку навики, што подразбира многу планирање.

Иако тешкиот почеток може да ве растажи, стресот околу финансиските одлуки ќе ве мотивира да се потрудите конечно да напредувате во остатокот од годината.

Најдобар период за финансии е периодот од средината на октомври до почетокот на ноември.

Невработените мора да бидат упорни и да не дозволуваат другите да им ја кројат судбината.


Љубов, семејство и социјален живот

Новата романса ќе се разгори на самиот почеток на годината. Понекогаш премногу страсти може да доведат до паника, затоа мора да се контролирате.

Вежбајте ја довербата како во романтичните, така и во платонските врски. Бидете подготвени за немири и несогласувања во летните месеци.

Рибите и Стрелците се знаците на кои ќе им паднете во очи. Ако се чувствувате преплавени со љубов, не се стегајте. Опуштете се и забавете малку.

Годишниот хороскоп покажува дека без оглед на тоа кој пат ќе го одберете и што ќе одлучите, мирот и хармонијата ќе завладеат во ноември и декември.


Здравје

Додека се фокусирате на балансот, оваа година нема да имате здравствени проблеми. 2017-та е година во која ќе бидете полни со енергија и сила. Обрнете поголемо внимание на циркулацијата на крвта и ако имате проблеми со спиењето посетете лекар. Хороскопот ви препорачува повеќе активности и пијалаци кои релаксираат.

Останато за вага
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Вагата е седмиот знак во хороскопот. За нив се вели дека им е потребна еднакво многу од секој аспект од животот за да бидат среќни. На вагите им е потребен баланс помеѓу работата и задоволството, како и избалансиран...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Вагата е најсреќна кога има придружник за споделување на својот живот со него. Таа е романтичен идеалист кој талка по Земјата сѐ додека не го најде својот совршен партнер. Всушност, тие може да чекаат и долги години...>> Хороскоп секс СЕКС Кај вагата, грижата кон нејзиниот партнер e особено изразена. Овие луѓе можат да бидат провокативни на тивок начин. Нивната потреба за рамнотежа и совршенство во нивните односи може да се манифестира на сите погрешн...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Одржувањето на шеќерот во крвта на стабилно ниво е од суштинско значење за здравјето на вагите. Најдобро е да го започнат денот со појадок базиран на прoтеини, како јајца и тост или протеински пијалок со овошје. Нам...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Ако сакате да ја знаете вистината, тогаш најдобро е да работите со вага. Тие ќе ги разгледаат сите можни страни во врска со некоја одлука и кога ќе бидат сигурни, тие ќе го донесат вистинското решение. Смислата...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Како што веќе споменавме вагата секогаш сака да постигнува рамнотежа, па така и со парите, кредитните картички и воопшто, нивниот живот. Вагите уживаат во убавината и хармонијата и често се стремат кон совршенство. ...>>
Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva