хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
bik
недела, 25 февруари 2018

Не трошете ја својата љубов на непотребен кредит. Со други зборови, ако некој постојано се покажува дека е неверодостоен или несигурен, зошто тогаш му давате толку простор во својот живот? Дали некако тајно верувате дека тоа е по ваша вина и не може да се поправи? Колку многу залудно потрошена љубов. Вие заслужувате подобро и тоа добро го знаете.

февруари 2018

Потрудете се повеќе да ја искористите првата декада од февруари, бидејќи можете да постигнете повеќе на работното место и кариерата. Ќе имате идеи како да ја подобрите вашата работна понуда. Успехот ве очекува преку ИТ индустријата и новата технологија. Можеби ќе набавите модерни основни работни средства, со што позитивно ќе влијаете на вашата поврзаност со современите трендови и ќе ја унапредите работата. Потребно е да развиете нови вештини во раководење на вашиот сектор. Од 17 февруари ќе имате нови можности за соработка и отогаш започнува период кога ќе имате сосема нов проект. Сè ќе успевате да завршувате во дадениот рок. Вашата финансиска ситуација ќе биде поволна во почетокот на месецот. На 14 февруари избегнувајте да влегувате во ризични инвестиции и трудете се да не се расфлате премногу со пари. Смалете ги трошоците колку што можете повеќе. Оние кои се невработени имаат поволни можности за вработување во областа на електрониката и во фирми кои се занимаваат со модерна технологија и програмирање.

Ако сте во врска, вие и вашиот партнер ќе бидете отворени за разговори на различни теми и ќе наоѓате нови различни интереси. Тоа ќе ја внесе потребната свежина во вашата врска. Ќе се договарате околу нови заеднички цели и ќе имате навистина интересни и плодни идеи. Можни се мали несогласувања поради трошење на заедничкиот буџет. Во втората половина на месецот ќе започнат несогласувања, а дури и караници. Вашите чести отсуствувања и забавите со пријателите вашиот партнер ќе го направат љубоморен и вознемирен. Трудете се да не претерувате. На крајот од месецот ќе ги надминете недоразбирањата. Ако не сте во врска, тогаш е можно да влезете во паралелни врски полни со страст. Некој ќе биде заљубен во вас и ќе се потруди тоа да ви го даде до знаење, но вас ќе ви одговара таа личност да ја игнорирате. Во втората половина на месецот ќе сфатите дека не ви одговара да бидете дел од двојна игра и врски каде што главната цел е сексот. Ќе ви биде навистина тешко да го привлечете повторно вниманието на личноста која многу се трудеше околу вас.

Пијте повеќе течности, особено чај од коприва. Потребно ќе ви биде повеќе да се одмарате и да ги избегнувате големите напори. Ќе ви годат прошетки низ природа, кога временските прилики ќе го дозволат тоа. Исхраната нека содржи намирници кои лесно се варат и кои имаат помал процент на масти. Јадете повеќе зеленчук, особено спанаќ, кељ и целер.

Важни броеви за месец февруари: 2, 8, 13, 16, 25

2018

Во новата година ќе влезете навистина разочарани од некои пријатели, кои не ви помогнале кога ви било најтешко. Но, не им замерувајте. Живееме во такво време кога навистина е тешко да се најде вистински пријател. Ситуацијата ќе ве направи посилна личност и ќе ве научи повеќе да го цените вашиот живот. Последните две седмици од зимата се ризични и затоа посветете максимално внимание на сите ризични ситуации. За среќа, кон средината на годината ќе добиете некои новости и ќе ја решите вашата финансиска состојба. На љубовен план не очекувајте ништо ново до почетокот на есента. Тогаш започнуа период во кој ќе бидете занесени од личност со зелени очи.

Работа: Во првата половина од годината нема да имате некои големи промени на работното место. Важниот период ве очекува за време на летниот период, односно на средината на годината, кога ќе биде многу важно да донесете паметни и правилни одлуки, кои многу ќе влијаат врз вашата понатамошна кариера. Одлуката којашто ќе ја донесете, ќе влијае врз втората половина од годината, а запомнете дека ќе имате шанса значително да ја подобрите својата финансиска ситуација. Затоа, убаво размислете!

Љубов: Љубовниот живот ќе ви биде стабилен, односно непроменет сè до крајот на есента. Пролетта и летото ќе ви поминат без некои поголеми турбуленции и ќе ја задржите вашата сегашна љубовна состојба. Откако ќе настапи есента, можно е да ја запознаете вашата сродна душа и да започнете убава и возбудлива љубовна врска. Сепак, бидете внимателни во донесувањето на крајната одлука, бидејќи таа ќе ја одреди вашата иднина.

Здравје: Физички ќе бидете во добра состојба. Сепак, психичкото здравје можно е да ви биде нестабилно, како последица од предавства од блиските пријатели. Не очајувајте, простете им на сите и продолжете понатаму. Вашето здравје и баланс треба да ви бидат на првото место, затоа не дозволувајте никој да ви го наруши тоа.

Останато за бик
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Бикот, вториот знак во хороскопот, за разлика од Овенот кој ја сака играта, бикот ги сака наградите по играта. Физичките задоволства и материјалните добра се она во што уживаат припадниците на овој знак. Тие сакаат ...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Бикот е старомоден тип кога станува збор за љубовта. Тој е комплексна комбинација на цврстина и чувствителност. За надворешниот свет тој може да биде сосема различен, но однатре тој е безнадежен романтичар кој ја ба...>> Хороскоп секс СЕКС Кога Венера или Марс се во знакот на бик, неговата сексуална природа ги вклучува сите сетила. Допирот и мирисот се исклучително важни за овие љубовници. Toj e физички најактивен кога станува збор за сексуалната игр...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Желбата за слаткo и маснотии е најголемата слабост на бикот. Наместо тешки и масни торти, може да пробаат пудинг со малини или јагоди. Или пак парче ананас, кое исто така, може да заврши одлична работа бидејки има а...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Бикот може слободно да се смета за пчела-работник во хороскопот. Тој е сигурен и лојален, со леснотија работи кога има добар тимски играч. Исто така е практичен и темелен, како што му доликува на знак чиј елемент е ...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Стабилниот бик знае како да раководи со парите. Оние родени под овој знак се одлични со пари, веројатно затоа што знаат да ги ценат. Тие, исто така сакаат добар живот, кој обично чини многу пари. За среќа, на бикот ...>>
Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано