хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
bliznaci
сабота, 23 септември 2017

Одржувањето на фокусот кон специфичен проблем може да биде вистински предизвик кога постојат толку многу можности. Сепак, ова не е време да ја растерате вашата енергија – за најдобри резултати треба да се ограничите на можностите. 

септември 2017

Енергијата ќе ја трошите на кариерата и ќе се трудите да напредувате професионално. Донесувањето одлуки ќе ви биде многу поедноставно овој месец. Ве очекува убав период и светла иднина.

На работното место нема да се случуваат некои посебни работи, но вие ќе се трудите да работите на себе и да напредувате во кариерата. Финансиската состојба ќе ви биде солидна и ќе сакате да инвестирате во нови работи. Но, внимавајте!

Овој месец е идеален за љубовна врска. Доколку не сте во врска, тогаш ви следуваат многу романтични состаноци. Нема да имате никаков проблем во привлекувањето на луѓе околу себе. Една личност навистина ќе го привлече вашето внимание и ќе ви предизвика пеперутки во стомакот. Доколку сте во врска, ќе почнете да размислувате за фамилијарен живот и деца.

Одмарајте повеќе и хранете се здраво.

2017

Ќе има мали напади на вашата кариера, но тоа нема да влијае на финансиите. Љубовниот живот ќе биде задоволувачки, но не очекувајте големи промени.


Работа и финансии

Близнаци, подгответе се. Кога ќе почне 2017-та, ќе бидете на мета на работното место. Луѓето ќе доаѓаат по она што вие го имате и ќе се обидуваат да ви го земат по секоја цена. Останете силни и упорни. Кренете ја главата и не се штедете сами да се пофалите.

Добар дел од годината ќе биде непредвидлив и полн со тешкотии, но ве очекува професионален напредок во ноември и декември 2017-та.

Вага е знакот од кој ќе ја имате целосната поддршка, а треба да имате на ум и дека оваа година е поволна за приватни бизниси и потпишување нови договори. Не се препорачува земање на кредити без сериозни потреби.


Љубов, семејство и социјален живот

Кога се работи за меѓучовечките односи, во 2017-та ќе бидете неодлучни како и вообичаено. Ова не е поволна година за големи одлуки, бидејќи постојано ќе ги мерите предностите и недостатоците на љубовните и пријателски врски.

Шансите да посакате промена се големи од јануари до јуни, но тоа може да ви донесе голем стрес. Ќе биде многу подобро да го цените она што го имате. Имате добри пријатели и уште подобро семејство. Потребно ви е само време тоа да го забележите.

Забавете малку и престанете да мислите дека тревата е позелена на друго место.

За партнер би било добро да побарате некоја Риба или Стрелец.


Здравје

Во здравјето во 2017-та ќе имате добри и лоши моменти, така што не е лошо постојано да сте на штрек. Не ги одложувајте работите до последна минута, како што е посетата на лекар. Можни се изразени периоди на стрес, анксиозност и депресија, за кои повторно задолжително треба да побарате стручна помош.

Останато за близнаци
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Близнаци е третиот знак во хороскопот, а луѓето родени во овој знак се познати по тоа што сакаат да зборуваат! Движечката сила зад разговорот со Близнаците е нивниот ум. Близнаците се интелектуално наклонети, љубопи...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Како знак, Близнаците имаат многустранa личност, па затоа тешко наоѓаат партнер кој е компатибилен со нив. Тие живеат за да флертуваат! Додворувањето е нивниот апсолутен фаворит. Близнаците знаат да бидат способни ...>> Хороскоп секс СЕКС Кога Венера или Марс се во знакот на близнаци, тогаш користете ги зборовите во креветот. Валканитe зборови и бакнувањето ги заведува! Со овие љубители на говорот, интелектуалниот разговор за време на сексот може да ...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Морковите се број еден сојузник на близнаците. Храната за подобрување на видот или еден морков на ден, исто така го намалува ризикот од рак на белите дробови, дури и меѓу поранешните пушачи. Малините пак се добри за...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Близнаците се одлични ако работат како посредници бидејќи сакаат да зборуваат. На близнаците им е особено лесно да остварат контакти и да ги одржат истите. Потребна им е динамика, бидејки ако работата станува едноли...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Променливи, непредвидливи, близнаците уживаат во трошење на своите пари, а ретко се грижат од каде ќе дојде следниот извор на истите. Нивната харизма сигурно ќе доведе до нешто ново! Близнаците не го заморуваат свој...>>
Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

На влав му гледале на кафе:

– Аууу ќе одиш некаде на пат.

– А патарини ќе има?

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...сите лебеди во Англија се сопственост на кралицата.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Луѓето ќе се ѕверат, дајте им добра причина. – Хери Винстон

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Taiva
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано