хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
lav
сабота, 23 септември 2017

Вие имате многу силно влијание кон вашите најблиски. Вашиот оптимизам е заразен и ги инспирира другите без многу напор. Премногу изобилство може да ве направи несигурни.

септември 2017

Во септември ќе се трудите да ја подобрите психолошката состојба и ќе сакате да го најдете вашиот мир и спокојство. Ова е одличен месец за да размислите и сфатите што навистина сакате да правите во животот.

На работното место ќе имате голем број на промени и ова ќе биде еден турбулентен месец на професионален план. Можно е да бидете принудени да работите напорно. Некои лавови ќе го сменат работното место или ќе започнат свој бизнис. Запомнете дека треба да размислувате со ладна глава и да бидете стабилни и силни. Исто така, можни се патувања поврзани со работата. Финансиската состојба ќе ви биде одлична.

Оние лавови кои се сингл, овој месец можно е да започна романтична врска. Но, внимавајте пред да се впуштите во нешто сериозно. Целиот месец ќе освојувате со својот шарм и ќе имате голем број на додворувачи. Ќе бидете главна ѕвезда на забавите, а некои лавови можно е да започнат врска со постара личност. Плановите за брак и деца одложете ги за во иднина.

Внимавајте на своето здравје и одмарајте повеќе. Често ќе се чувствувате како да ви недостасува енергија, па затоа трудете се да консумирате поздрава храна.

2017

За да го сочувате складот во животот, важно е да најдете баланс. Не се врти светот околу вас, запаметете го тоа.


Работа и финансии

На ова поле очекувајте бура. Промоции, признанија, внимание... сите работи кои вашиот хороскопски знак ги обожава. Ваквиот вид на успех ќе владее во текот на целата година, што е добро, имајќи ги предвид новите идеи. Можно е да продолжите проекти кои ги запоставивте во последен период.

Започнувањето на нова работа или унапредување на старата позиција е загарантирано оваа година. Најдобар совет за 2017-та е да ги држите отворени сите опции, бидејќи од тоа ќе профитирате. Ако нешто не оди како што треба, не губете време.

Првите четири месеци од 2017-та се посебно поволни за финансиски напредок.

Држете ги очите отворени во близина на Стрелец и Риби, бидејќи тие ќе ви влијаат на работата и нејзиниот тек.


Љубов, семејство и социјален живот

Љубовта понекогаш може да биде драматична. Запаметете го ова ако во 2017-та врската ви тргне наопаку. Не мора да биде ваша вина. Но, тешко е да ги сакаме другите ако поминуваме премногу време сакајќи се себеси. Морате да обрнете поголемо внимание на саканите.

Луѓето нема да имаат многу емпатија и симпатии кон вас на почетокот од годината, па важно е да се потпрете само на себе.

Најдобар период за љубов почнува од крајот на август и ќе трае до крајот на септември.

Подобрете ја толеранцијата кон партнерот, доколку сте во тазе врска, ако сакате да ја стабилизирате и продлабочите.


Здравје

Витални сте и силни, здравјето ќе ве послужи. Важно е да вежбате нешто што ве опушта. Одморот е клучот за здрава 2017-та, како и умереноста. Ако имате проблем со лош сон, задолжително треба да побарате стручен совет.

Останато за лав
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Лавот е петти знак во хороскопот. Овие луѓе е невозможно да не се приметат, бидејќи тие сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тие се амбициозни, креативни и прават секакви напори да се забавуваат и да ги забаву...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Романтичари по природа, полни со љубов, а кога љубат, тогаш сакаат цел свет да дознае за тоа. Лавовите сакаат драма која всушност владее со знакот. Ако не постои романса и огномет што го осветлува небото, тогаш не и...>> Хороскоп секс СЕКС Кај лавот фантазиите често се вртат околу посветеност и внимание. Овие луѓе најлесно можат да бидат заведени од партнер кој мисли дека тие се богови или божици. Нивната гордост прави тие да се присилуваат да бидат н...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Здравјето на срцето е од примарна важност за лавовите, бидејќи тоа е нивниот владеачки орган. Најдобро е да избегнуваат пржена храна која ги блокира артериите. Печеното месо е многу поздраво, но мора и да се отстран...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Ако има некој кој сака да биде во центарот на вниманието, тоа е лавот. И зошто да не? Оние родени под овој знак се горди, енергични, уверени - светот не може да помогне, но може да гледа! Лавовите се фокусирани во н...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Ѕвездата на хороскопот пристигна! Лавот сака да биде во центарот на вниманието и да ја восхитува публиката. Тој, исто така, сака убавина и богатството, секогаш опкружен со златен сјај. Лавовите цврсто веруваат дека ...>>
Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

На влав му гледале на кафе:

– Аууу ќе одиш некаде на пат.

– А патарини ќе има?

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...сите лебеди во Англија се сопственост на кралицата.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Луѓето ќе се ѕверат, дајте им добра причина. – Хери Винстон

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Taiva
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано