хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
bliznaci
недела, 25 февруари 2018

Во моментов сте незапирливи. Дури и списокот на обврски исчезнува само да трепнете. И планините се поместуваат само со еден допир на прстот. Ѕвездите ја заземаат својата патека ако само помислете на тоа. Затоа, ако досега на вашиот пат се појавил некаков проблем или задача која не сте ја завршиле, засучете ги ракавите и остварете ја. Ништо полесно!

февруари 2018

Посветете внимание на односите со колегите на работа и атмосферата на вашето работно место. 4 февруари е ден кога ќе почнат промени, некој од вашите колеги ќе се служи со некоректни постапки за да ја добие работата која вие ја очекувате и која може да ви донесе позитивни поени и напредување во кариерата. На 11 февруари пазете се од сплетки, бидејќи може да дојдете во ситуација да имате тешки односи со претпоставените. Можеби ќе сметаат дека вашите обврски ги завршувате несовесно. Најголеми тешкотии ќе имате ако се занимавате со администрација, книговодство или калкулации или пак ако работата ви е поврзана со програмирање, компјутери или електроника. Ако се занимавате со образование ќе се соочите со тешки и незаинтересирани личности. Во втората половина од месецот ќе имате успеси благодарение на вашите креативни способности. Избегнувајте ги ризичните потези со парите и несигурните инвестиции. Потрудете се да ја одржувате вашата сметка и бидете повеќе штедливи. Можно е да заработувате пари преку работи поврзани со туризам, трговија или градежна индустрија. Во втората половина од овој месец ќе имате поволни денови, а инвестициите во маркетинг, дизајн или ИТ секторот ќе ви бидат исплатливи. Внимателно пресметувајте ги трошоците за на крајот да не бидете во минус. Невработените близнаци ќе добијат понуда за соработка која ќе им овозможи сигурна работа и сигурни приходи за подолг период.

Ако сте во врска, тогаш меѓу вас и вашиот партнер постојат многу работи веќе долго време, кои ја нарушуваат вашата емотивна врска. Вие сте склони кон тоа работите да ги задржувате во себе и да не споделувате со партнерот, а тоа може да ве доведе до раскинување. Неопходно е да се потрудите да ги исправите некоректните постапки и да ѝ докажете на саканата личност дека ја сакате и се грижите за неа. Во втората половина од февруари највеќе ќе ви користи вашата врска да ја поставите на цврсти основи, така што ќе најдете нов начин за да пристапите до саканиот. Ќе ви биде потребно повеќе време да поминувате заедно, да имате заеднички активности во кои ќе најдете нешто корисно за двајцата. Подобрете ја меѓусебната комуникација, бидејќи тоа ќе го подобри вашиот однос. Ако не сте во врска, вашата желба за постојана забава и желбата да летате од цвет на цвет ќе доведе до тоа да ве бие лош глас. Дури и личноста на која ѝ се допаѓате и која тоа ви го дала до знаење, нема да сака нешто повеќе од повремени излегувања и површен секс, само поради тоа што не ви верува. Таа личност се плаши дека нема да бидете верни и мисли дека ќе го свртите грбот веднаш штом најдете подобра прилика. Ќе ви биде многу тешко да го смените тоа мислење. За работата да биде покомплицирана, ќе почувствувате потреба да влезете во сериозна врска со оваа личност.

Можни се проблеми со здравјето, а особено проблеми со хормоните, штитната жлезда, како и алергиските реакции. Препорачливо е да ја проверите крвната слика, доколку се чувствувате поуморно од вообичаено. Избегнувајте загушливи простории и одете на места каде што има добра вентилација. Јадете повеќе овошје и зеленчук. Трудете се повеќе да јадете грашок, грав, туршија, ананас, банани и портокали. Исто така, позитивно ќе ви делуваат и маслинки, урми, кикирики, семки од тиква и брусница.

Важни броеви за месец февруари: 4, 11, 15, 20, 23

2018

Сè она што го планирате во првиот месец од новата година, ќе се сруши како кула од карти. Понекогаш е подобра да си поставувате помали цели во чие остварување ќе можете повеќе да уживате, отколку големи цели кои се тешки за остварување. За среќа, во тешките моменти на работа, ќе имате потполна поддршка од личност која навистина се грижи за вас и која ќе ви покаже колку ве сака. Во летниот период очекувајте повик од роднина од странство. Размислете убаво околу повикот, за потоа да не се каете. Понекогаш е подобро да имате мирен сон, отколку несигурна работа. Есента ќе ви донесе мали, здравствени проблеми со кардиоваскуларниот систем. Потрудете се некое време да ја смените исхраната.

Работа: 2018 година не е баш најповолна за вас, барем за поголемиот дел. Тоа ќе се одрази и на вашата финансиска состојба, па затоа не очекувајте премногу. Бидете спремни на секакви проблеми и препреки, но ако сте доволно силни и храбри сите успешно ќе ги совладате и од сите ситуации ќе искочите посилни и со поголемо искуство. Кон крајот на годината ситуацијата ќе се подобри, затоа бидете трпеливи, не очајувајте, бидејќи лошите работи на крајот ќе се заменат со добри.

Љубов: Низ целата турбулентна и не така совршена година ќе имате поддршка од саканата личност, која постојано ќе биде покрај вас и ќе ве сака без разлика на сè. Никогаш не го заборавајте тоа. Во тешките периоди ќе сфатите кој навистина ви значи и што во вашиот живот има најголема смисла, што е тоа за кое треба да се борите и кон што треба да стремите во иднина.

Здравје: Во првата половина од годината, вашето здравје нема драстично да се промени, додека пак на почетокот на втората половина можни се мали проблеми со срцето, но ништо сериозно. Грижете се за себе, внимавајте на тоа што јадете и што размислувате, редовно правете контроли и нема да имате некои сериозни проблеми во текот на целата година.

Останато за близнаци
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Близнаци е третиот знак во хороскопот, а луѓето родени во овој знак се познати по тоа што сакаат да зборуваат! Движечката сила зад разговорот со Близнаците е нивниот ум. Близнаците се интелектуално наклонети, љубопи...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Како знак, Близнаците имаат многустранa личност, па затоа тешко наоѓаат партнер кој е компатибилен со нив. Тие живеат за да флертуваат! Додворувањето е нивниот апсолутен фаворит. Близнаците знаат да бидат способни ...>> Хороскоп секс СЕКС Кога Венера или Марс се во знакот на близнаци, тогаш користете ги зборовите во креветот. Валканитe зборови и бакнувањето ги заведува! Со овие љубители на говорот, интелектуалниот разговор за време на сексот може да ...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Морковите се број еден сојузник на близнаците. Храната за подобрување на видот или еден морков на ден, исто така го намалува ризикот од рак на белите дробови, дури и меѓу поранешните пушачи. Малините пак се добри за...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Близнаците се одлични ако работат како посредници бидејќи сакаат да зборуваат. На близнаците им е особено лесно да остварат контакти и да ги одржат истите. Потребна им е динамика, бидејки ако работата станува едноли...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Променливи, непредвидливи, близнаците уживаат во трошење на своите пари, а ретко се грижат од каде ќе дојде следниот извор на истите. Нивната харизма сигурно ќе доведе до нешто ново! Близнаците не го заморуваат свој...>>
Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано