хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
oven
недела, 25 февруари 2018

Кој е овој практичен човек кој ги организира луѓето и ги запишува нивните имиња? Зарем тоа сте вие? Веројатно да! Денес се наоѓате на врвот од пирамидата на практичноста. Ништо не ви бега, се ви е под контрола. Затоа, што и да ви се нашло на патот, се ќе и се потчини на вашата волја, зашто вие сте кралица на овој ден.

февруари 2018

Уште на почетокот не месецот ќе бидете во прилика да ја подобрите соработката, а тоа ќе ви овозможи поефикасно и побрзо да ги постигнете посакуваните цели. Ќе имате можности за деловни патувања во странство, како и големи шанси за учество на семинари, саеми и други манифестации на кои ќе можете да ги претставите своите професионални достигнувања пред поголема публика и на тој начин ќе привлечете нови можности и нови клиенти. Во првата половина на февруари посветете внимание на тоа подобро да се организирате и да ги разработите своите идеи за да можете да ги реализирате таму каде што можат најдобро да се употребат. На 16 февруари ќе почнат подобрувањата на работното место и во вашата кариера. Успехот ве очекува во работа поврзана со администрација или установи од затворен тип. Во втората половина на февруари ќе се занимавате со припремите за претстојните проекти, кои се дел од вашиот план. Невработените овнови ќе имаат среќа во наоѓање на привремена работа, но вработувањето по струка нема да се случи во моментов.

Доколку сте во врска тогаш нема да можете да се согласувате со вашиот партнер за заедничките вложувања. Ќе бидете повеќе преокупирани со барање на сопственото задоволство и своите чувства нема да ги делите во доволна мера со саканата личност. Ќе делувате слободно и независно, своеволно, а вашиот партнер тоа емотивно ќе го повреди. Кон средината на месецот ќе успеете да се ускладите. Во втората половина од месецот ќе сакате да поминувате повеќе интимно време со партнерот. Ќе чувствувате потреба да се препуштите на чувствата и ќе ја зголемите вашата страст. Но, внимавајте можно е да се зголеми љубомората и посесивноста. Доколку не сте во врска, тогаш ќе ве привлекуваат авантури. Ќе приметите неколку потенцијални кандидати во ваша близина, со кои ќе сакате да се поврзете. Во исто време ќе флертувате со повеќе личности. Една нова личност сосема неочекувано ќе го привлече вашето внимание. Ќе почнете да се сретнувате тајно, но тоа нема да трае долго и во втората половина на месецот ќе запознаете друга личност во која ќе се заљубите. Но, таа личност нема да биде слободна. Некои припадници на овој знак, кон крајот на месецот ќе започнат врска со личност која одамна ги привлекува.

Во февруари здравјето ќе ви биде добро. Вашиот имунитет ќе биде подобрен со помош на физичка активност, која ќе ја практикувате неколку пати неделно и секојдневните прошетки. Единствено ќе бидете чувствителни на влажно и ладно време. Можно е воспаление на мочните канали кон средината на месецот. Потребна ви е калорична храна, односно говедско месо, млеко и млечни производи. Ако повеќе седите, тогаш јадете повеќе овошје и зеленчук.

Важни броеви за месец февруари: 3, 9, 14, 21, 26

2018

Почетокот на годината ќе ви донесе неочекувано исполнување на еден стар сон, од кој речиси сте се откажале. Исто така, во тој период мора да посветите внимание на вашата здравствена состојба, бидеќи може да дојде до компликација како последица од вирусни инфекции. Во пролет ве чека едно навистина интересно патување со личност која досега не сте ја приметувале. Во еден момент навистина ќе се двоумите по кој пат да тргнете. Но, добрата работа е што нема да брзате премногу со одлуката и на крајот ќе ја донесете правилната. На есен можно да изгубите една многу блиска личност, која навистина ќе ви недостига. Но, зимата ќе ги избрише сите рани и ве очекуваат навистина прекрасни и убави моменти.

Работа: Кога станува збор за вашата кариера, 2018 година може да биде навистина успешна, но не многу поуспешна од 2017. Бидете задоволни со сите ваши достигнувања, без разлика на тоа колку тие се мали и во одредени моменти делуваат неважни. Бидете благодарни за сè што сте постигнале, но тоа не значи дека треба да застанете и да не се трудите уште повеќе. Поставувајте нови цели и стремете се кон нови победи и успеси, бидејќи 2018 ќе ви биде наклонета и ќе успеете да остварите сè што сте замислиле.

Љубов: Пролетта ќе биде важен период за голем број на овнови. Оние кои се во сериозна и долга врска можно е својата љубов да ја крунисаат со брак. Оние кои не се во врска, можно е оваа пролет, а особено во април, да запознаат личност која ќе биде нивната сродна душа и кога долго време ја чекале да се појави.

Здравје: Грижете се за вашето здравје во текот на целата година. Поголемиот дел од овновите нема да имаат некои големи проблеми со здравјето, особено не оние кои се родени во март.

Останато за овен
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Овен е првиот знак од хороскопот, а тоа е доста очигледно за оние родени во овој знак, бидејќи секогаш се гледаат себеси во прв план. Тој е лидер, во прв ред на трлото. Овенот повеќе сака да иницира отколку да заврш...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Во љубовта, овенот е „еден на едeн” тип на личност. Тој го става својот партнер на прво место, a истото го очекува и за возврат. Ако тој не чувствува дека ја има главната улога во универзумот на својот п...>> Хороскоп секс СЕКС Кога Венера или Марс се во знакот на овен, сексот е најдобaр, спонтан и неограничен. Овие луѓе се „топат” кога нивниот партнер им се предава невино и чисто. Некои од нив се гладни за проблеми во љубовта ...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Затоа што се секогаш на брзање, се случува често да прескокнуваат оброци или да консумираат брза храна. Наместо тоа, најдобро е да си подготват пластична ќеса со овошје или јаткасто овошје (кои го подобруваат имунио...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Дали сакате овен во вашиот тим? Секако дека да. Оние родени под овој знак се силни конкуренти и ја сакаат играта, без разлика дали тоа е игра во бизнисот или, општо, во животот. Тие не сакаат да губат, што значи дек...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Дали овенот бара слава и богатство? Додека тој е во потрага по големи потфати и проекти во однос на кариерата, повеќе од веројатно е дека ќе постигне богатство, но тоа ќе се случи само како резултат на неговата неве...>>
Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано