хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
skorpija
понеделник, 11 декември 2017

Денес ќе бидете избувливи. Многу луѓе ќе ве иритираат и ќе сакате да започнете расправија со нив. Обидете се да се смирите, бидејќи работите со сигурност ќе се средат во наредните денови.

ноември 2017

Почетокот на ноември ви носи лично духовно осознавање. Дадена ви е можност да ги извлечете најголемите вредности од себе, а тоа позитивно ќе влијае на вашата деловна кариера. Со широко согледување на личните способности може да доживеете голема преродба.

Во љубовниот живот треба да бидете одговорни, како при изборот на нов партнер, така и во односите во врската или бракот. Не влегувајте во разговори за кои не сте подготвени или способни да ги доведете до крај. Ако сте подготвени да излегувате и да се дружите, не само што ќе ја сретнете својата бивша љубов, туку може да започнете и нова љубовна приказна. Ноември ви овозможува поголем избор и ви дава големи можности. Под услов да не влегувате во врска со партнер кај кого нешто сериозно ви пречи, без разлика на привлечноста која ја чувствувате. Сите случајни познанства, како и оние до кои доаѓа преку некого и нешто, најмногу ветуваат.

Упорноста, трпението и енергичноста, поволно влијаат на вашиот карактер и здравје.

2017

Хороскопот вели дека во оваа година ве очекуваат многу задоволства, посебно поврзани со кариерата.


Работа и финансии

2017-та година ќе ви донесе баланс на сите полиња, а посебно успешни ќе бидете во работата. Продуктивноста ќе си ја зголемите тогаш кога менталната сила ќе ја раздвижите и ќе бидете расположени за повеќе акција. Јупитер ќе ве поттикнува да сакате промени.

Па, ако сте незадоволни, променете нешто - не чекајте на другите. Време е да ги истражите полињата на кои сигурно можете да напредувате и да ризикувате работите да се насочат кон подобро.

Ако сметате дека е време за ново работно место, тоа најдобро е да почнете да го планирате од втората половина на октомври.

Ако за работата ви е неопходен партнер, побарајте ја Вагата, таа ќе ви биде од најголема помош.

Што се однесува до финансиите, имајте на ум, дека не е добро да вложувате во големи проекти и да вложувате големи суми на пари. Внимателноста е мајка на мудроста, советува хороскопот за 2017-та година.


Љубов, семејство и социјален живот

За Скорпиите, љубовта и страста никогаш не биле проблем. Нив секогаш им е јасно што сакаат и вообичаено, тоа лесно го добиваат. Особините кои понекогаш ви недостасуваат за дружење и поврзување, во 2017-та година ќе ги стекнете и ќе ви се отворат многу нови врати.

Ако по природа сте интровертни, партнерот ќе ве замоли да бидете малку поотворени и ќе биде во право, бидејќи само така ќе можете да се разберете и да ги решите несогласувањата.

Оваа година е идеална и ако сте склони кон тајни врски.

Во 2017-та година ќе бидете полни со енергија и креативност, а дел од оваа енергија добро е да ја пренесете и на меѓучовечките односи. Ќе бидете изненадени со напредокот кој можете да го остварите.

На почетокот ќе ви биде непријатно, па дури и застрашувачки. Држете се. На крајот ќе бидете наградени.


Здравје

После напорната 2016-та година, во 2017-та година ќе влезете исцрпени. Дозволете му на телото да се регенерира и дајте си време да одморите. На почетокот од годината, релаксирајте се, медитирајте и добро одморете. Виталноста многу брзо ќе ви се врати.

Останато за скорпија
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Скорпија е осмиот знак во хороскопот, претставен преку малото осамено животно кое се крие во шуплини и под камења. На лицата родени во овој знак потребно им е време кое ќе го поминат сами со себе и ќе го искористат ...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Скорпијата владее со осмата куќа во хороскопот, куќата на интензивно сврзување. Овој знак поседува добар углед. Тој е познат како „секс" знак, љубоморен, сака да контролира, неодолив е, опсесивен... Сомнителни...>> Хороскоп секс СЕКС Сексуална природа на скорпиите може да биде доста сложена. Овие љубовници обично шират чувство на взаемен интензитет и длабочина во нивните сексуални желби, но тие се разликуваат во зависност од нивното ниво на разв...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Скорпиите имаат тенденција да акумулираат дополнителна тежина, особено околу стомакот. Овој тип на масти е во корелација со слабото варењето на храната или репродуктивна не рамнотежа. Затоа најдобар оброк за скорпии...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Дали сте размислувале да преминете преку скорпија кога станува збор за некоја бизнис зделка? Само ако имате животно осигурување! Терминаторот на хороскопските знаци пристигна. Смртоносната скорпија е опасна за сите ...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Комплексната и мистериозна скорпија е господар на чудни зделки. Никогаш не можете да знаете што се врти во главата на една скорпија кога се во прашање парите и бизнисот. Овие луѓе се моќни. Секогаш сакаат да даваат ...>>
Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva