хороскоп игри музика
ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп
strelec
недела, 25 февруари 2018

Едната половина од вашата личност сака да виси надвор и да се дружи со разни луѓе по клубовите, а другата сака да се завитка во меко ќебе и да си чита книга до длабоко во ноќта. Што да се прави, што да се прави? Погледнете ги настаните од минатото и одлучете. Ако подолго време сте биле надвор од градот, тогаш одлучете се да останете дома. Ако пак од друга страна, сте одморале повеќе од другите, тогаш имате императив да излезете и да се забавувате. Толку. Лесно е, нели?

февруари 2018

2018

Оваа година ќе ви започне со вирусна инфекција, поради која ќе одложите многу интересно патување во странство. Но, патувањето ќе се оствари на есен. Имунитетот ви е многу ослабен, а сето тоа е последица од нездравата исхрана и недостатокот на физичка активност. Морате повеќе да се грижите за себе, бидејќи здравјето лесно се губи, а тешко се враќа. На работа очекувајте едно изненадно напредување, можно е дури и политичко ангажирање. Можеби, сепак е потребно да повлечете рачна. Не сте вие за политика. На есен ќе сретенете личност од детството, кога долго не сте ја виделе, а условите ќе придонесат тоа да прерасне во нешто озбилно.

Работа: Новите работни можности ќе ви се укажуваат во текот на целата година. Ако една одбиете, ќе дојде друга и сè така додека не го донесете вистинскиот избор и не се одлучите за тоа што сакате да го работите. Можно е и да заминете во странство. Добро размислете пред таа одлука. Можно е да се сплеткате и во политички работи.

Љубов: Озбилна и пријатна средба ве очекува на есен, кога во вашиот живот ќе влезе една личност која многу долго не сте ја виделе, а спрема која отсекогаш сте имале некакви емоции, а и она спрема вас. Убаво размислете пред да се впуштите во авантура или сериозна врска со таа личност.

Здравје: Почетокот на годината нема да биде совршен, затоа е потребно да се грижите многу за себе. Подобрете ја исхраната и бидете повеќе физички активни, ако сакате да го одржувате здравјето во добра состојба.

Останато за стрелец
Хорскоп општоОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ Стрелец е деветтиот знак на хороскопот, а  луѓето родени во овој знак се желни за знаење и нови искуства. Тие се секогаш спремни за патување на нови дестинации, сакаат да искусат нови авантури, да запознаат нов...>> Хороскоп љубовЉУБОВ Во љубовта, стрелецот е полн со противречности. Претставен преку симболот на кентаур, митско суштество половина коњ-половина човек, тој е воден од страна на животинскиот инстинкт и човечкото просветлено размислување...>> Хороскоп секс СЕКС Стрелецот сексот го третира како спорт. Овие љубовници се директни во смисла на нивните сексуални желби и потреби. Тие се отворени и сакаат да се забавуваат во кревет. Смеењето и позитивната енергија е она што ги во...>> Хороскоп здравјеЗДРАВЈЕ Кај овој знак, заштитата против исцрпеност започнува со една лажица енергија наутро т.е. со чаша свежо исцеден сок од портокал, наместо кафе. Можат да избегнат артритис во колковите или бутовите со елиминирање на до...>> Хороскоп кариера КАРИЕРА Нескротливиот, среќен стрелец е добар за да го имате во тим за продажба - тој најверојатно ќе ја оствари својата цел, пред ненамерно да го навреди клиентот. Стрелците сакаат да се забавуваат, да бидат насмеани, да с...>> Хороскоп финансииФИНАНСИИ Oние родени во овој знак сакаат да трошат и обично имаат пари со кои можaт да си го дозволат тоа. Стрелецот, исто така, се смета за еден од најсреќните хороскопски знаци. Може да се каже дека она што ги прави стрелц...>>
Извлечи колаче порака
Виц

– За што те судеа?

– За мито.

– А како те ослободија?

– Со мито.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
dermaplus

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за да се свари јајце од ној, потребни се околу 40 минути.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот. – Нелсон Мандела

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано