хороскоп игри музика
НЕДЕЛА, 25 ДЕКЕМВРИ 2016
Новогодишни колачиња - снегулки

Новогодишната трпеза украсете ја со овие прекрасни колачиња во вид на снегулки!

post cover photo

Состојки

  • 215 гр путер (на собна температура)

  • 100 гр шеќер

  • 125 гр мед или густ маџун

  • 1 големо јајце

  • 380 гр брашно

  • 1/2 лажичка ѓумбир во прав

  • 1 лажичка цимет

  • 1/4 лажичка каранфилче

  • 1 лажича сода бикарбона

  • 200 гр шеќер во прав

  • 1 белка

Начин на подготовка

Најпрвин се подготвува тестото за колачите. Во еден поголем сад измешајте ги брашното, содата, ѓумбирот во прав, циметот и каранфилчето, а во друг поголем сад изматете го путерот со шеќерот и на крајот додадете ги јајцето и медот или густиот маџун. Потоа состојките од двата сада помешајте ги. Споените смеси се мешаат некое време, додека не се добие убаво тесто, а потоа добиеното тесто се става во фолија и се остава да се лади еден час.

Откако ќе се олади, тестото се засукува и се вадат форми на снегулки, со помош на калапчиња. Потоа се печат во рерна на 180 степени околу 8-10 минути. Откако ќе се испечат, се оставаат да се оладат, а во меѓувреме се припрема шлагот за декорација.

За шлагот за декорација белката се мати со шеќерот во прав додека не добиеме густа смеса. Доколку е потребно додадете уште шеќер во прав. Потоа со шприц за декорирање цртајте врз колачите и потоа оставете да се исуши шлагот. Во шлагот можете да ставите сина прехрамбена боја, за снегулките да испаднат поинтересни и повпечатливи. Уживајте во спремањето!

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Мажот не ја разбира жената во два периоди од животот – пред свадбата и по свадбата.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...слонот може да умре од скршено срце.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Запомнете дека некогаш е неверојатна среќа да не го добиете она што го сакате - Далај Лама

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано