хороскоп игри музика
ЧЕТВРТОК, 29 ДЕКЕМВРИ 2016
Бидете домаќинка како војвотката Кејт Мидлтон

14 правила за пречекување на гости, кои Кејт Мидлтон никогаш не ги прекршува! 

Можеби ја немате таа среќа да се омажите за принц, да живеете во дворец и да бидете дел од добротворни организации, но секогаш можете да ги пречекате гостите како вистинска принцеза и да направите тие да се чувствуваат како да се на гости кај кралско семејство!

post cover photo

Испратете покана

Направете интересна покана, наместо да праќате пораки преку мобилниот телефон. Многу е важно покрај времето за почеток на забавата, да напишете и кога завршува.

Спремете сè предвреме

Никој не сака да го помине целиот ден во спремање. Затоа еден ден пред вашата забава, декорирајте, наместете ја масата, спремете дел од јадењето. На овој начин на денот на забавата ќе биде многу поодморени и порасположени и нема да трчате во кујната да проверувате до каде е јадењето.

Соодветно наместете ја масата

Многу е важно чиниите, приборот за јадење и чашите да ги ставите на соодветното место. Чинијата треба да биде на 2,5 цм од крајот на масата. Краевите од приборот за јадење треба да се во иста линија со долниот дел од чинијата, а стаклените чаши треба да бидат поставени од десната страна. За лебот и путерот се користи посебно чиниче кое стои од левата страна. 

Поздравете се со бакнеж во образ и цврсто стегање на раката

Кога ќе пристигнат гостите, војвотката Кејт ги следи локалните обичаи. Со блиските пријатели таа се поздравува со бакнеж во образ, секогаш десниот образ на левиот, еден бакнеж во Њујорк, а два во Лондон. Исто така, секогаш кога се ракува има цврст стисок.

Запознавајте ги луѓето меѓусебе

Како домаќинка ваша задача е да зборувате со вашите гости и да ги запознавате меѓусебе. Вие мора да се грижите тие да се чувствуваат пријатно, среќно и дека се добредојдени кај вас. Трудете се да наоѓате заеднички теми или интереси меѓу вашите гости.

Држете ја чантата во раце

Кога војвотката присуствува на некој настан, таа секогаш својата ташничка ја држи со двете раце пред неа и на тој начин спречува ракувањето да изгледа непријатно. Исто така, понекогаш ја држи само со едната рака, за другата да ѝ биде слободна. Кога седнува на столче, ташната обично ја става измеѓу нејзиниот грб и наслонот од столот.

Држете ја чашата за вино за дршката

Ова спречува да се загрее пијалакот. Доколку имате кармин, трудете се да пиете постојано од истата страна на чашата, за да не создадете прстен околу чашата.

Земете три залаци, па направете пауза

Војвотката секогаш зима три или четири залаци, па потоа лажицата или вилушката ја спушта на масата. Кога јаде супа, секогаш со лажицата зима кон масата, а не кон неа.

Ножот ви стои во десната рака, а вилушката во левата

Дури и кога земате залак! Кога војвотката ќе заврши со оброкот, приборот за јадење го става дијагонално во чинијата.

Седете во соодветна положба

Војвотката секогаш седи со исправен грб, како да има јајце измеѓу неа и наслонот, со споени колена и глуждови, чевлите секогаш на подот, дури и кога нозете се прекрастени.

Никогаш не кажувајте дека одите во тоалетот

Наместо да кажувате дека одите во тоалетот, само извинете се и станете од масата. Откако ќе станете од масата, салфетката која ви е на скутот нежно ставете ја на масата.

Тоалетот секогаш нека ви биде соодветно среден

Секогаш во тоалетот имајте миризлив сапун и крема за раце. Тоалетната хартија треба да се одвртува одозгора. Никако не ставајте свеќи и списанија за читање. Исто така важно е да имате неколку бели, чисти пешкири за гостите.

Внимавајте како ги држите шолјите за чај и кафе

Кога пиете чај, шолјата ја држите за дршката со палецот, показалецот и средниот прст, додека кога пиете кафе, шолјата ја држите така што показалецот го ставате во дупчето од рачката и придржувате со палецот.

Не дозволувајте гостите да ја раскреваат масата или да ги мијат садовите

Секој добар гостин се нуди да помогне, но секоја подобра домаќинка нема да го дозволи тоа. Многу е важно вашите гости да се чувствуваат убаво и опуштено, затоа никогаш не дозволувајте да ви се мешаат во садовите.

 

comments powered by Disqus
Извлечи колаче порака
Виц

Трпана: Трпе кај ќе одиме на одмор во лето? Може Дубаи? Трпе: Каков одмор, Ова лето треба да мислиме како да го вратиме кредитот… Трпана: Добро бе миличок па и во Дубаи можеме да мислиме…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...човекот во просек се смее седум пати на ден.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Не се давите кога ќе паднете во река, се давите кога оставате таа да ве потопи. - Пауло Коелјо

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
Find more about Weather in Skopje-Zajcevrid, MK
ADS
taiva_html_web_banner
ladybook СВЕЖО
dermaplus
ladybook најчитано
VIVA СоковиТехнолошко Металуршки ФакултетHONOR ReklamaVipetBiblioteka Liquor StoreBellaContessaФолиВорлдZoo VivariumGAMARDE ORGANICДНА Анни ФармDrama StudioVardar ExpressVIVA СоковиТехнолошко Металуршки ФакултетHONOR ReklamaVipetBiblioteka Liquor StoreBellaContessaФолиВорлдZoo VivariumGAMARDE ORGANICДНА Анни ФармDrama StudioVardar Express;