хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 03 ЈАНУАРИ 2017
Останете фит за време на празниците

Секогаш можеме да најдеме начин како да останеме фит кога количината на храна е зголемена. Не заборавајте дека само неколку месеци не делат од лето, плажа и бикини. Зимските празници се најубавиот дел од годината, но за жал, и најтешкиот период да останете фит. Честите фамилијарни прослави, различните новогодишни забави и собиранки кои се богати со вкусна трпеза традиционална за нашево поднебје претставуваат непријател на вашата витка линија и оставаат малку време за спортски активности кои би ви помогнале да ја одржите вашата форма.

post cover photo

Спортскиот центар Јане Сандански и фитнес центарот CYBEX во продолжение ќе ви даде неколку корисни совети како да останете во форма за време на зимските празници.

Најдете партнер за заедничко спортување Двајца се посилни од еден! Дополнителна поддршка од пријателот е секогаш одлична мотивација да продолжите со активноста. Постојано ќе имате друштво и секогаш ќе постои “таен натпревар” помеѓу вас. Не заборавајте на штетните калории во течностите Празничните забави се одлична причина да се почестите со некој жесток пијалок. Но, поставете си граница. Не заборавајте дека коктелите имаат од 150 – 200 калории, пивото 100 – 160 калории, виното 80 – 120. Посетете ги нашите фитнес и аеробик центри Нашите врвни фитнес инструктори ве советуваат да нè посетите и да го направите вашиот прв тренинг наутро и тоа на гладно за да ја искомпензирате вечерата со најблиските. Конзумирајте храна после еден час од тренингот. Пијте повеќе вода Водата на повеќе начини му помага на вашето тело. Не само кога сакате да изгубите килограми, туку помага и при намалување на апетитот. Многу пати кога мислите дека сте гладни, вие сте всушност жедни. Обидете се пред секој оброк да пиете по една чаша вода. Водата ги согорува штетните калории во вашето тело. Јадете полека Јадете полека и уживајте во вкусовите. Обидете се да џвакате 30 – 40 пати при еден залак. На мозокот му требаат околу 20 минути да сфати дека сте сити.

Правете тежински вежби комбинирани со кардио Фитнес инструкторите од СЦ Јане Сандански и фитнес центарот CYBEX советуваат 20 минути на било која од нашите машини за кардио вежби. На овој начин вашето тело поради тежинскиот тренинг ќе троши калории во текот на целиот ден и ќе го согорат оној несакан дел околу стомакот и колковите. Јадете 4 до 6 мини оброци наместо да се чувате за специјалниот празничен оброк Никој не може да одолее на мирисот кој доаѓа од кујна додека се готви. Но, наместо да изедете полна рака чипс, крекери, пуканки, тесто, земете овошје или зеленчук. Се надеваме дека нашите совети ви помогнаа како да ја одржите вашата форма и притоа да бидете здрави. Затоа, посетете го Спортскиот центар “Јане Сандански” за да го потрошите и трансформирате сето она што го прославивте изминатите денови. Останете здрави и фит.

ПР текст

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано