хороскоп игри музика
ПЕТОК, 14 ЈУЛИ 2017
12 трикови за подобар изглед наутро

Немате време да се средите наутро? Не сакате да се шминкате? Нема проблем. Пробајте ги овие трикови и ќе се уверите дека не ви се потребни 37 слоја шминка за да изгледате убаво.

post cover photo

Прикријте ги темните кругови под очитеНе спиевте доволно? Не мора да се познава. Ставете коректор преку темната линија под окото којшто е за една нијанса посветол од тенот на кожата, а потоа ставете една нијанса потемен ведаш под окото. Така помалку ќе се познава отеченоста. За целосно да ја намалите видливоста на темните кругови, користете крем за околу очи Taiva New Skin. Кремот ги намалува подочниците и темните кругови околу очите, ја затегнува и зацврстува кожата, ја зголемува нејзината еластичност и ја реструктурира. Заборавете на стравот од последиците на ноќите бессоница и разбудете се наутро, со свеж и блескав изглед.

Измазнете ги усните: Ако немате време за средување, посветете се на усните. Исчеткајте ги усните со детска четка за заби за карминот да ви трае подолго. За да изгледате посвежо ставете сјај за усни којшто одовара на вашиот тен.

Исцртајте ги очите: Нацртајте права линија со моливот за очи веднаш над горните трепки. Така ќе изгледате поприродно и ненападно отколку ако нацртате поширока линија.

Извиткајте ги трепките: Ако не користите маскара, тогаш само извиткајте ги трепките. Најдобро е да го загреете виткачот за трепки со фен 3-5 секунди. 

Прикријте ги дамките: Ако сакате да не ви се познаваат дамките на лицето, нанесете коректор директно на дамката. Потоа со четката размачкајте го рамномерно.

Поправете ги грешките со коректор: Ако сте во брзање може да ви се случи да се измачкате со карминот или со моливчето за очи. Наместо да се бришете, само прикријте го вишокот со коректор.

Хидрирајте ја кожата: Ако немате време или не сакате да ставате пудра, едноставно нанесете хидратантен крем за да изгледате посвежо.

Ставете балсам за усни: Ако не сакате да ставате кармин наутро, едноставно ставете балсам за усни којшто ќе ги освежи усните.

Ставете туш за очи: Ако сакате да изгледате поотмено ставете туш за очи. Ако ви е тешко да го нанесете правилно, земете една лажица и според неа исцртајте го очниот капак. 

Затемнете ги очите: Ако сакате да ги нагласите очите, но не знаете како да ја нанесете сенката за очи, тогаш нацртајте триаголник на крајот од окото и потоа размачкајте ја сенката кон внатре. Изберете потемна нијанса. 

Ставете сув шампон: Ако не стигнавте да си ја измиете косата, едноставно нанесете сув шампон пред спиење. Вишокот масти ќе се впие а наутро косата ќе ви биде свежа.

Средете ги ноктите: Ако немате време да си ги средувате ноктите, пробајте со француски маникир. Ставете гумено ластиче околу прстот и потоа нанесете бел лак на горниот дел. Така нема да се измачкате а ноктите ќе ви бидат убави. 

Повеќе инфо на: http://www.taiva.eu/mk/product/taiva-new-skin-eye-cream 

Извлечи колаче порака
Виц

Стојат Трпе и Цветко на аеродром и разговараат.

– Трпе, како ли терористите ги крадат авионите кога се толку големи?

– Па така, не ги крадат они авионите додека се на земја, туку додека се малецки во небото.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за време на просечен животен век, ни растат околу 950 километри коса.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Да бидете слободни е да поминувате време правејќи ги работите во кои уживате. - Хозе Мухика

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
taiva anticelulit gif
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано