хороскоп игри музика
ЧЕТВРТОК, 31 АВГУСТ 2017
Како да се припремите за здраво и безбедно породување?

Породувањето е возбудлив, емотивен и непредвидлив настан. Тоа е еден од најсреќните мигови на секоја жена. 

post cover photo

Идните мајки имаат премногу грижи и обврски, па затоа е многу важно да се грижат доволно за себеси и на правилен начин да се припремат за она што доаѓа. Ова се нашите 6 совети кои ќе ѝ помогнат на секоја бремена жена да се справи со потешкотиите кои доаѓаат со бременоста.

Внимателно одберете го вашиот гинеколог

На секоја бремена жена ѝ е потребен добар гинеколог кој ќе ги прави редовните прегледи, ќе ја ислуша, ќе споделува информации со неа, и ќе ѝ помогне во текот на целата бременост.

Слушајте го вашето тело  

Со оглед на тоа дека во текот на бременоста вашето тело претрпува секојдневни промени, многу е важно секоја бремена жена да ги следи промените кои се случуваат во нејзиното тело, и ако е потребно да ги запишува. Забележете го сето она што ви претставува грижа, а потоа известете го вашиот лекар и информирајте се за тоа што е нормално, а што не.

Останете во форма

Тоа што сте бремени не значи и дека треба да бидете физички неактивни, се разбира, освен доколку вашиот лекар не ве советувал така. Лесните активности како пешачење или пак јога за бремени жени, можат да ви помогнат да станете посилни и пофлексибилни. Исто така, тие можат и психички да ве припремат за промените кои ќе ги претрпи вашето тело. Советувајте се со вашиот лекар за тоа какви активности ви се дозволени во текот на бременоста.

Опкружете се со љубов

Особено важно во овој период од животот е да бидете опкружени со позитивна енергија и љубов. Доколку сметате дека сте опкружени со пријатели или членови од семејството кои ви го одземаат мирот, дистанцирајте се од нив. Луѓето кои се грижат за вашето физичко и психичко здравје, се токму тие кои во овие мигови треба да бидат покрај вас.

Посетувајте часови за претпородилна подготовка

Ваквите предавања можете да ги посетувате редовно или повремено, во секој случај, тие се важни. Овие предавања ќе ви дадат една појасна слика за тоа како се одвива самото породување и психофизички ќе ве припремат за истото. Исто така, ова е одлична прилика за запознавање со други бремени жени, кои ќе ви пружат поддршка.

Споделете ги вашите планови

Разговарајте со вашиот лекар, партнер, или било кој друг кој ќе биде со вас за време на породувањето. Споделете ги вашите замисли за тоа како сакате сето тоа да се одвива. Може да бидете смирени, среќни, возбудени, искажете ги вашите желби и оставете останатите да соработуваат со вас.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Трпе и вели на Трпана: – Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо!

Трпана:– Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

Првиот веб сајт во светот, како што ние ги знаеме денес, бил лансиран во 1992 година и сè уште е онлајн.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран. – Конфучие

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано