хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 10 ЈУЛИ 2017
Дали се грижите доволно за вашата вагина ?

Вагината е чувствителна и деликатна работа, а кога се работи за нашето интимно здравје треба да бидеме внимателни и одговорни. Не е тајна дека посетувањето на нашиот лекар не секогаш ни причинува задоволство. Иако е навистина важно да се прават редовни прегледи кај вашиот гинеколог, ова се работите што можете да ги направите за да го подобрите вашето интимно здравје. 

post cover photo

Хигиена

Не употребувајте миризливи сапуни или креми во внатрешноста на вагината. Тие можат да ја променат pH вредноста и да го нарушат балансот помеѓу добрите бактерии, што може да доведе до габична инфекција. Сè што е потребно е да се измиете со млака вода и тоа е сосема доволно. 

Секогаш бришете се со тоалетната хартија од напред кон назад, бидејќи ако го правите тоа обратно може лесно да се пренесат бактерии и да се зголеми ризикот од инфекции. 

Одлучете се за памучна долна облека и обидете се да не носите ништо во текот на ноќта за кожата да може слободно да дише. 

Секс

Жените имаат кратки мочни канали, па затоа сексуално преносливите бактерии лесно се пренесувaат до мочниот меур, што може да доведе до инфекција на уринарниот тракт. Затоа се препорачува мокрење веднаш по завршувањето на сексуалниот однос. 

Не го игнорирајте крварењето по сексуалниот однос, тоа може да биде знак за истенчување на мембраната или пак крварење на грлото на матката. 

Не трпете болка за време на сексуалниот однос. Иако ваквата болка е вообичаена и може да биде предизвикана од многу работи, доколку се соочувате со ваков проблем посетете го вашиот гинеколог.

Исхрана

Вагината има сопствен механизам за одржување на чистотата и важно е да се внесуваат доволно течности и вода, за телото да може да ја регулира сопствената хигиена. 

Одржувајте ја здравата исхрана со многу овошје и зеленчук, а малку шеќер. Пиењето јогурт исто така помага во создавањето на добрите бактерии и е одличен за вашето сексуално здравје. 

Здравје

Редовно правете пап тестови - ако вашата возраст е помеѓу 25 и 49 години, треба да правите барем еден тест на секои 3 години. За оние на возраст од 50 до 64 години, се препорачува правење тест на секои 5 години.

Обрнете внимание на секретот. Тој може да се разликува во различни периоди од месецот, но доколку забележите промена на бојата или миризбата, или пак забележите нешто невообичаено кај него, посетете го вашиот гинеколог и заштитете се навреме.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Трпе и вели на Трпана: – Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо!

Трпана:– Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

Првиот веб сајт во светот, како што ние ги знаеме денес, бил лансиран во 1992 година и сè уште е онлајн.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран. – Конфучие

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано