хороскоп игри музика
ЧЕТВРТОК, 13 ЈУЛИ 2017
Почеток на новата летна сезона овој петок во ЕПИЦЕНТАР со Kim Ann Foxman

Клубот Епицентар успешно ја заврши својата прва, зимска сезона исполнувајќи ја главната задача - да ја збогати музичката и клупска култура во државата. Сега клубот се наоѓа пред нов предизвик.

На 14ти јули, петок, координатите ќе бидат поместени на нов простор, каде ќе можеме во летна атмосфера, на отворено да уживаме во најсовремените електронски звуци.

Епицентар ќе го отвори светски познатата DJка, продуцентка, пејачка и сопственичка на издавачката куќа Firehouse, Kim Ann Foxman.

Нејзиниот прв настап во Скопје, во 2015та остана запаметен како една од најдобрите зимски забави. Kim дефинитивно припаѓа на една нова генерација DJ-и и продуценти кои го чуваат звукот на Brooklyn, NY и Chicago жив и моќен.

Таа е родена на Hawaii и по завршување на средното образование се запишува на школа за дизајн на накит во San Francisco. Пред 10 години се сели во NY каде се запознава со Andy Butler водачот на neo-disco и house бендот „Hercules and Love affair“. Глобалниот успех на бендот не бил предвидлив на самиот почеток, со што двајцата ќе се најдат во многу тежок и период полн настапи во живо, снимање албуми и постојано патување на долги дестинации. По три големи турнеи Kim решава да се посвети на продукција и формирање на сопствен дискографски бренд со кој може да ја претстави својата визија на современата house музика. Па така, настанува Firehouse recordings, куќа која има огромно влијание врз „самодовербата“ на најмладите продуценти кои создаваат house и acid музика.

Kim Ann Foxman апсолутно одговара на визијата на клубот Епицентар, а тоа е погледот кон иднината на современата електронска музика, со огромна почит кон багажот кој оваа област го носи низ 30 годишното постоење, како глобален феномен.

Новите координати ја означуваат новата позиција на клубот во Градскиот Парк, а Епицентар ветува прекрасни летни забави и музики во новиот простор.

https://i-d.vice.com/en_gb/article/julius-interview-tatsuro-horikawa

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Трпе и вели на Трпана: – Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо!

Трпана:– Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

Првиот веб сајт во светот, како што ние ги знаеме денес, бил лансиран во 1992 година и сè уште е онлајн.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран. – Конфучие

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано