хороскоп игри музика
СРЕДА, 19 ЈУЛИ 2017
20 совети од познати манекенки и стилисти за совршен изглед

Шминката честопати прави да се чувствуваме убави и самоуверени и ги покрива нашите несовршености. Меѓутоа тоа не значи дека таа ни е неопходна за да изгледаме добро. За жал, премногу честото користење на шминката нè натера да мислиме дека не можеме да бидеме убави без неа. Затоа ви предлагаме да ги прочитате советите од познатите личности, за тоа како да изгледате совршено дури и без шминка!  

Ексфолирање на кожата

Ексфолирањето на кожата еднаш или два пати неделно ќе направи вашата кожа да изгледа млада и свежа, без да користите шминка.Ексфолирањето ги отстранува дамките од акни, а кожата ја прави неверојатно мазна. Тајната е во отстранувањето на мртвите клетки од лицето, кои прават да изгледаме уморни и исцрпени.

Одржувајте ја кожата хидрирана

Кожата не може да изгледа добро доколку е сува и оштетена. Затоа употребата на ноќни и дневни креми е неопходно за да ја одржиме кожата мазна, сјајна, здрава и хидрирана кожа во секое време од годината.

Користете серуми

Серумите се одлични за трансформирање на кожата. Тие и даваат енергија на кожата и ја регенерираат. Доколку до сега не сте го пробале, ви го препорачува Taiva Cell2Cell интензивниот серум за лице кој со сигурност ги намалува брчите на лицето, вратот и подбрадокот.  

www.taiva.eu

Исхранувајте се здраво

Правилната исхрана секогаш влијае добро на нашата кожа и лице. На кожата и се потребни витамини и антиоксиданти за да се регенерира и да создава нови клетки. Покрај тоа што ќе забележите видливи промени на вашата кожа, тоа ќе го почувствувате и во вашето тело.

Внесувајте додатоци во исхраната

Внесувајте додатоци во исхраната кои се потребни на вашата кожа. Тоа може да биде витамин Ц, Е, колаген или биотин. 

Пијте вода

Секојдневно внесувајте поголеми количества на вода. Недостатокот на вода и течности во организмот ќе ја направат вашата кожа сува и остарена.

Посветете внимание на веѓите

За убав изглед на лицето неопходно е да обрнете внимание на очите и веѓите. Веѓите го обликуваат пределот околу очите, даваат форма на нашиот лик и ги истакнуваат цртите на лицето без користење на шминка.

Користете маски за лице кои сами ќе ги направите

Направете сами маска за лице со која ќе ја одржува вашата кожа постојано хидрирана. На тој начин ќе добиете маска која е природна и не содржи никакви штетни состојки во неа, а исто така може секојдневно да се употребува.

Погрижете се за своите трепки

Трепките се исто толку важни како и веѓите кога се работи за нашето лице. Доколку сакате долги и густи трепки набавете природен серум за трепките кој ќе го забрза нивниот раст. Друг и поедноставен начин за долги трепки со волумен е користењето на виткач за трепки, кој лесно и брзо ќе ги издолжи трепките, а сепак ќе изгледаат природно.

Посетувајте го фризерскиот салон редовно

Грижата за косата е многу важна за нашиот целосен изглед. Кога нашата коса е средена ни се допаѓа како изгледаме и не чувствуваме огромна потреба од шминка за да го усоврши нашиот изглед. Но доколку нашата коса е сува и оштетена, неопходна е шминката за да го прикрие сето она што не ни се допаѓа.

Грижете се за изборот на вашата облека

Еден од начините да изгледате подобро без да користите шминка е едноставно да посветите повеќе време за изборот на вашата облека. Избегнувајте го носењето на премногу широка облека и пронајдете нешто што ќе ја истакне вашата линија. На тој начин го одвлекувате вниманието од вашето лице, а го насочувате кон вашата фигура.

Грижете се за вашите заби

Одржувајте ја хигиената и грижата за вашите заби. Ништо не може да го разубави вашиот лик како широката насмевка со бели и негувани заби.

Одржувајте ги вашите усни хидрирани

Ексфолирањето на усните е исто така важно за да ја одбегнете сувата и испукана кожа. За најдобра хидратација по ексфолирањето, употребете балсам за усни со пчелин восок или пак кокосово масло.

Отстранете ги мозолчињата

Отстранувањето на мозолчињата ќе ја направи кожата мазна и чиста, а со тоа ќе исчезне и потребата за користење на шминка. Кожата без мозолчиња ќе направи да се чувствувате убаво и самоуверено. Одберете нежен производ за чистење на лицето кој не ја суши кожата, за таа да го зачува својот заштитен слој. Исто така одбегнувајте ги сапуните кои ја сушат косата и не ги употребувајте на вашето лице.

Вежбајте

Вежбањето ја забрзува циркулацијата на крвта, а тоа го подобрува и изгледот на кожата. Физичката активност ја поттикнува работата на метаболизмот и буквално ја буди вашата кожа.

Детоксифицирајте ја вашата кожа  

Детоксифицирајте го вашето тело со помош на овошјето и зеленчукот. Исцедете сок, направете овошно смути или пак свежа салата како оброк. Внесувајте многу вода и одете во сауна, каде преку потењето ќе се ослободите од токсините во вашето тело.

Бидете позитивни  

Како луѓето ќе гледаат на вас зависи од тоа каков ќе биде вашиот став. Заменете ја шминката со позитивност и насмевка. Луѓето околу вас ќе го забележат тоа.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано