хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 24 ЈУЛИ 2017
Облини на плажа

На плажа или покрај базен ги покажуваме своите облини, а секоја жена е убава со нејзините облини. Доколку се пораскошни, со соодветен костим за капење ќе ѝ пружиме нежност и удобност, а со додатоците ќе ѝ го дополниме летниот изглед.

Раскошот на облините ќе ги опфатат едноделните и дводелните костими за капење Lisca, кои со избрани кроеви, пошироки соодветни прерамки, прилагодливи корпи и удобни килоти ќе се погрижат за опуштено летно уживање.

Заблескајте со своите облини

Оние со поголеми облини избираат модели кои малку ќе ги стиснат и ќе ја обликуваат нивната линија. Вистина е дека костимите за капење во темни бои се идеални за Вас, но и појаките и свежи бои може да бидат вистински избор. Пробајте и проверете! Едноделниот костим за капење убаво го опфаќа и обликува телото, а високиот ножен изрез оптички ги продолжува нозете. Широките прерамки ќе се погрижат за удобност, додека пенестите корпи ќе се погрижат за убаво деколте. Изберете гаќички кои се пошироки во страничниот дел и не се врежуваат во телото,имаат повисок струк или се со преклоп кој може да ја регулира висината – така што малку ќе го прикриете стомакот. Додатоците како што е долгиот елек,кошулите,шалварите или туниката, вашата прошетка покрај плажа ќе ја направат посамоуверена и модно складна.

ПР текст

Извлечи колаче порака
Виц

Стојат Трпе и Цветко на аеродром и разговараат.

– Трпе, како ли терористите ги крадат авионите кога се толку големи?

– Па така, не ги крадат они авионите додека се на земја, туку додека се малецки во небото.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...за време на просечен животен век, ни растат околу 950 километри коса.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Да бидете слободни е да поминувате време правејќи ги работите во кои уживате. - Хозе Мухика

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
taiva anticelulit gif
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано