хороскоп игри музика
ЧЕТВРТОК, 10 АВГУСТ 2017
KАКО ДА СЕ ПОГРИЖИТЕ ЗА ВАШИТЕ СОБНИ РАСТЕНИЈА ДОДЕКА СТЕ НА ЛЕТЕН ОДМОР

Периодот на летни одмори е веќе започнат и претставува одличен начин да се одмориме и релаксираме. Од друга страна тоа значи дека нема да бидеме во можност да им посветиме внимание и љубов на нашите растенија во иста мера како што тоа го правиме секојдневно. Бидејки се што сакаме е да се вратиме во нашиот дом исполнет со среќни и здрави растенија, во продолжение ви предлагаме неколку совети, кои ни ги кажаа од City Flowers, сервис за испорака на цвеќе до врата,како да се погрижите за нив додека сте на летен одмор:

1. Најлесен и најчесто користен начин е да го прашате вашиот сосед, член на семејството или пријател да ги наводнува додека сте на одмор. Ако сакате да бидете сигурни дека вашите растенија ќе добијат добра нега, секогаш проверете дали давате јасни инструкции. Доколку имате само мали растенија, исто така можете да размислите и да ги однесете кај вашиот сосед, член од семејството или пријател. Но што е тоа добра грижа? Дали ги знаете потребите на вашето растение. Бидете сигурни дека знаете се за него пред да му дадете обврска на некој да се грижи за нив додека сте на одмор. Ако не сте сигурни прашајте ги стучно обучените луѓе од City Flowers.

post cover photo

2. Поставете ги растенија во посвежите простории од вашиот дом, подалеку од директна сончева светлина, така што тие нема брзо да се исушат. Воедно можете да ги поставите едно до друго со што ќе им овозможите да ја задржат влажноста подолг период.

3. Направете свој систем за наводнување. Потребна е малку работа, но овој метод е всушност многу ефикасен. Наполнете кофа со вода и ставете ги растенијата околу неа. Земете една мала памучна ткаенина и ставете ја од едната страна во саксијата, а од другата страна поставете ја во водата од кофата. Пред да го направите ова оставете ја памучната ткаенина да одстои во водата еден час. Овој систем на наводнување функционира така што памучната ткаенина ја впива водата и ја пренесува во саксијата со растението. За мали растенија е доволна помала ткаенина, а за поголеми растенија може да ви бидат потребни две или три поголеми памучни ткаенини. Ако имате повеќе растенија ќе ви бидат потребни и повеќе кофи со вода.



4. Поставете ситни камчиња во тацната на секоја саксија. Наполнете ја тацната со вода до врвот и одозгора поставете ја саксијата со растението. Водата ќе му дава влажност на растението.

5. Одстранете ги сите цветови од растението и од саксијата. На овој начин на растението ќе му биде потребно помалку вода, а воедно ќе ја намалите и можоста да се развијат бактерии и болести додека не сте дома.

6. Поставете листови од хартија или весници на дното од кадата и одозгора поставете ги ратенијата. Пуштете ја водата се додека хартијата не се намокри целосно. Затворете ја завесата или вратата од кабината.

7. Поставете хартија на површината на секоја саксија. На овој начин ќе го намалите испарувањето на водата од растението.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано