хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 14 АВГУСТ 2017
Анксиозноста е едно од најмачните чувства кои човекот ги доживува во својот живот и е динамички центар на неврозата

 Живееме во ЕПИДЕМИЈА НА АНКСИОЗНОСТ која претставува загрижувачка појава во современото општество за која мора да се зборува и интензивно да се работи, особено со младата популација!

 Чувството на загриженост и немир е во одредена мера нормално во секојдневното живеење. Секој понекогаш се чувствува анксиозно. Блага анксиозност може да биде и корисна во смисла на зголемување на фокусираноста, насочување на вниманието, енергијата и мотивацијата за остварување на некоја цел. Но, доколку анксиозноста е многу голема, таа предизвикува чувство на беспомошност, конфузија, претерана загриженост која е несразмерно висока во однос на сериозноста на ситуацијата од која таа е предизвикана. Преплавувачка анксиозност во секојдневното живеење е индикатор за нарушување на менталната состојба кај личноста. Анксиозноста може да предизвика физички, емоционални и биехјвиорални симптоми. Специфична ситуација или страв може да ги предизвика овие сиптоми за многу кратко време. Во нормални случаи кога ситуацијата ќе мине, минуваат и реактивните симптоми.

Психолошките симптоми на анксиозноста се интензивен страв и загриженост, константно чувство на внатрешна напнатост и немир, ослабена концентрација, раздразливост, зголемена чувствителност на бучава, лесно заморување, слаба меморија која често е резултат на намаленото внимание и концентрација, немир и агитираност, вознемиреност при будење и будење со замор, чувство на притисок проследено со намалување на трпението, иритабилност, агресивност, агорафобија, дереализација, деперсонализација, чувство и исчекување дека нешто лошо ќе се случи и тн. Телесните симптоми на анксиозноста се забрзана работа на срцето, тешко дишење, чувство на недостаток на воздух, стегање во градите, сува уста, потешкотии во голтањето („кнедла во грлото“), зголемено потење на дланкитe и целото тело, често мокрење, вртоглавица, „пеперутки“ во стомакот, болки во мускулите, сензации на пецкање или соматски болки, намалување на видот и слухот, ослабена сексуална желба, треперење на целото тело и тн. Присутни се и пореметувања во однесувањето како чувство на блокираност, преувеличување на доживувањата, тешкотии во спиењето во смисла на несоница и често будење или пак ноќни кошмари. Анксиозноста го афектира делот од мозокот кој е одговорен за начинот на кој личноста комуницира, поради тоа се појавуваат и потешкотии во креативното и спонтано изразување како и ефикасно функционирање во врските со другите луѓе. Анксиозноста е чувство на вознемиреност и напнатост кое се појавува како последица на опасност која е во исчекување. Таа често е резултат на антиципација на настан кој може да ја загрози личноста во целина или некоја нејзина потреба. Анксиозна личност се чувствува загрозена, иако не ја знае причината за загрозеноста. Анксиозноста како реакција често се појавува и во ситуации на неуспех во остварување на целта, губење на самопочитта, страв од сопствените агресивни импулси и како резултат на чувство на вина. Таа ја потикнува личноста да најде начини за да се ослободи од непријатното чувство. Тие начини може да бидат здрави или нездрави за личноста. Во ситуации кога не е можен реален избор на решение на проблемот, личноста активира разни одбранбени реакции и механизми кои служат да се намали непријатното чувство. Колку е личноста повеќе невротизирана, повеќе е исполнета со одбрани и поголем е бројот на работи кои таа е неспособна да ги прави, иако со оглед на нејзината виталност, ментални способности и образование, со право се очекува од неа извршување на тие активности. Колку е поголема и подолготрајна анксиозноста, толку повеќе личнста се инхибира во секојдневното живеење. 

 

post cover photo

Анксиозните растројства предизвикуваат значително нарушување на психосоцијалното функционирање на единката. Доминантните симптоми кај генерализираното анксиозно растројство се погоре опишани. Кај фобичнито растројство доминантно е одбегнувачко однесување на анксиозно провокативни ситуации, па покрај критичноста за ирационалноста и неоснованост на стравот, поединецот не може да ги преброди тие добро дефинирани ситуации. Паничните напади проследени со изненадно интензивно изразен наплив на страв со соматски и когнитивни симптоми, кои не се условени од некоја реално опасна ситуација, во целост го блокираат поединецот оневозможувајчи му адекватно социјално однесување.

За жал, би можело да се рече дека постои епидемија на анксиозност која претставува загрижувачка појава во современото општество за кој мора да се зборува и интензивно да се работи особено со младата популација. Епидемиолошките истражувања укажуваат на голема преваленција на анксиозните растројства што ги прави најчести ментални растројства.

Етиопатогенезата, односно причините за настанувањето на анксиозните растројства, во науката генерално се делат на психолошки и биолошки. Мора посебно да се истакне дека трауматски животни искуства се значителен предиктор на анксиозни растројства. Особено раната психолошка трауматизација како злоупотреба и злоставување на деца.

Психотерапијата е главна алатка за утврдување на причините за настанување на анксиозноста. Методот на убедување е некорисен кај клиентот со анксиозност, терапевтската задача е откривање на значењето на ситуациите за клиентот во неговиот живот. Постојат луѓе кои се свесни за својата анксиозност, но и несвесни дека ја чувствувааат. Многу често емоциите кои луѓето ги чувствуваат љубов, лутина, страв и други, се брзо минливи и едвај допираат до свеста кај личноста. Значи, има луѓе кои не се свесни за својата анксиозност, а таа свесно или несвесно често е одлучувачки фактор во нивните животни одлуки.

Несомнено е дека интензивна анксиозност е едно од најмачните чувства кои човекот ги доживува во својот живот. Елементот на беспомошност кој се јавува во склоп на анксиозните состојби е најчесто најнеподнослив за индивидуата. Втор важен елемент кој анксиозната личност го доживува како неподнослив е ирационалноста, која дава едно чувство на инфериорност и губење на интелектуалната контрола врз себе. Во нашата култура најчесто се употребуваат начини на избегнување на анксиозноста како рационализација, негирање, употреба на алкохол и психоактивни супстанци или пак обид за одбегнување на сите нагони, потреби, мисли и ситуации кои би предизвикале анксиозност. За жал така личноста се спречува од едно спонтано, автентично и спокојно живеење.

Во однос на психотераписките импликации, репроцесирање на трауматските искуства во безбеден сетинг со психотерапевт во „овде и сега“ е фундаментален елемент во долгиот и напорен процес на градење на самодовербата и самопочитувањето кај личноста. Личноста треба да се соочи со надворешните и внатрешните тригери и да ги открие и доведе до свесност причините за настанувањето на анксиозноста, се разбира под професионално водство на психотерапевтот. Во последните години невронауката е особено збогатена со голем број на научни студии во кои се зборува за дејството на психотерапијата и во нормализирање на мозочната активност и ефективноста при работата со анксиозните растројства. Многу трудови произлезени со функционални имиџинг иследувања може да играат важна улога во дефинирање на целните области кое се истражувале на молекуларно ниво. Анксиозните растројства се поврзани со морфолошки мозочни промени каде е вклучена таканаречената „мрежа на стравот“ во која спаѓаат медијалниот префронтален кортекс, хипокампусот и амигдалата. Пациенти кои страдаат од анксиозност често покажуваат прекумерна амигдална функција со намалена префронтална кортикална функција. Истражувањата на резултати од психотераписките ефекти укажуваат на функционална нормализација на „мрежата на стравот“.

Автор:
М-р Ивана Хаџиванова,
психолог, гешталт психотерапевт

Facebook: Гешталт психотерапија
Email: hadzivanova@gmail.com
Тел: +38975273768

 

 

 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано