хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 04 СЕПТЕМВРИ 2017
„When in X“, нов македонски стартап кој ќе ја промени туристичката индустрија во Македонија и регионот

Македонскиот стартап „When in X“ штотуку лансираше нова мобилна апликација која ќе ги поврзе туристите на Балканот со локални граѓани-туристички водичи, желни да го споделат своето знаење за регионот. Со апликацијата посетителите ќе може да разгледаат и резервираат различни активности, културни искуства и настани - сите организирани од локални граѓани.  

post cover photo

Името на платформата, „When in X“, доаѓа од популарната изрека „When in Rome, do as the Romans do“ (односно во превод: „Кога си во Рим, прави како што прават Римјаните“). Нивната идеја е на туристите, кои ја посетуваат Македонија и регионот, да им пружат незаборавно искуство и пристап до места и авантури за кои само локалните граѓани знаат.

За разлика од традиционалните туристички агенции кои нудат веќе постоечки аранжмани, „When in X“ промовира алтернативни тури кои ќе ги поврзат туристите директно со локалните „експерти“. Овие „туристички водичи“ на посетителите ќе им понудат широк избор на вистински и автентични искуства: од неверојатни патеки за планинарење и пејсажи за фотографирање, па сè до ресторани со традиционална храна и ноќни клубови за забава.

Овој нов сервис е прилика за локалните граѓани да го развијат алтернативниот туризам во својата земја, а за истото да остварат приход. Сите заинтересирани локални „туристички водичи“ се добредојдени да учествуваат и да допринесат кон развивањето на локалниот туризам, да ги споделат своите вештини и омилени искуства, додека заработуваат дополнителни приходи од истото тоа во што најмногу уживаат.

Доколку имате интересна идеја за тура и би сакале да станете „туристички водич“, посетете ја www.WhenInX.com и регистирајте се како „host“. Сите регистрирани туристички водичи во месец септември, ќе добијат комплетно бесплатен хостинг за нивните тури.

„Нашата мисија е да го промениме начинот на кој туризмот функционира во Југоисточна Европа. Познавајќи го добро Балканот, веруваме дека нашите земји имаат да понудат неверојатни места, неоткриени природни убавини и прекрасни културни искуства кои ќе ги воодушеват посетителите од целиот свет. Тоа што се обидуваме да го направиме е да им овозможиме на туристите полесен пристап до тајните кои сите ние ги знаеме, што со тек на време ќе го зголеми интересот за туризам во овој регион. Дополнително, ќе им овозможи на многу локални туристички претприемачи да изградат поуспешни мали бизниси кои ќе влијаат позитивно на локалната економија.“ - изјави тимот на „When in X“.

Платформата „When in X“ е развиена од страна на македонската компанија Webgliders, која после долги години соработка со интернационални клиенти, одлучи да креира свој оригинален продукт. Тимот на компанијата, исполнет со ентузијасти за патувања и активности на отворено, дојде до идеја за туристички услуги кои на посетителите ќе им овозможат да се почуствуваат како дел од локалната заедница.

Платформата „When in X“ е достапна онлајн на www.WhenInX.com и на Apple Store и Google Play.

ПР текст

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva