хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 05 СЕПТЕМВРИ 2017
Зошто е важно да се сакате себеси?

Најважната љубов е онаа која треба да си ја подариме себеси. Доколку не се сакаме себеси, не можеме да ги сакаме ниту другите. Честопати луѓето се несреќни и чувствуваат повеќе омраза, отколку љубов кон себеси. Ова се 10 важни причини зошто треба да научите да си ги подарите љубовта и грижата кои ви се потребни.  

post cover photo 

Вие сте сè што имате

Вие никогаш нема да бидете некој друг и тоа е една од главните причини поради кои треба да се сакате себеси. Имате само еден живот, па затоа треба да одлучите, дали ќе го потрошите правејќи работи кои прават да се чувствувате лошо, или пак, ќе се потрудите и ќе станете својот најдобар пријател?

Кога се сакате себеси, ве сакаат и другите

Омразата кон самиот себеси, честопати привлекува само повеќе негативност во нашиот живот. Доколку самите започнете да се сакате, ќе забележите повеќе љубов од луѓето околу вас.

Љубовта кон самите себеси нè прави поздрави

Кога не се сакаме самите себеси, не сме многу загрижени за нашиот физички изглед. Ваквиот став и начин на размислување кон себеси, навистина му наштетува на нашиот организам. Кога се сакаме себеси, ние сме мотивирани да се грижиме за своето тело. Започнуваме да вежбаме, правилно се исхрануваме и носиме правилни одлуки. И секако, ни станува важно како изгледаме, што јадеме и какво е нашето здравје. 

Започнувате да ги цените вашите добри карактеристики 

Кога се мразиме себеси, мислиме дека немаме добри карактеристики. Всушност, тогаш се фокусираме само на лошите карактеристики кои ги поседуваме. Не ни се допаѓа како изгледаме, како зборуваме и сл. Откако ќе започнете да се сакате себеси, ќе забележите работи кај вас кои ви се допаѓаат. Тогаш ќе започнете да ги цените своите квалитети, својот изглед, својата љубезност, својата јачина итн. 

Позитивноста ќе ве води напред во животот

Кога се сакаме самите себеси, го сакаме и целиот свет. Наеднаш, светот станува убаво место со огромен број на можности. Можностите ни стануваат поважни од пречките. Позитивниот начин на размислување ќе направи огромни промени во вашиот живот и секојдневие, и ќе ви го олесни и разубави животот.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva