хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 12 СЕПТЕМВРИ 2017
Како да станете силна и позитивна жена?

Силната жена знае што сака во својот живот и има целосна контрола врз него. Позитивноста од друга страна, ни помага да ја одржиме таа контрола и на полесен начин да се соочиме со секојдневните предизвици кои ги носи животот. Ова се нашите совети за тоа како да станете посилна личност, да бидете среќни и исполнети и секако, задоволни од себеси!  

post cover photo

Познавајте се себеси

Многу жени се чувствуваат како да се изгубиле себеси. Можеби премногу вложуваат во врска која не успеала, или пак премногу време посветуваат на работата, а премалку на себеси. Како и да е, има премногу жени кои треба да вложат време во тоа да откријат кои всушност се. Познавањето на себеси значи познавање на сопствените слабости и јаки страни. Дали работите подобро во тим или пак самите? Дали сте организирани? Дали сте лидери? Поставувајте си прашања чии одговори ќе направат да се запознаете себеси и да дознаете каква личност сте. Во спротивно, лесно ќе се изгубите помеѓу туѓи мислења и гледишта. 

Учете

Никогаш не престанувајте да учите. Најдобриот начин да станете силна личност, е постојано да ги надоградувате вашите знаења на било кој можен начин. Самите научете се нешто што од секогаш ве интересирало. Читајте книги, истражувајте на интернет, посетувајте ги библиотеките.

Бидете независни

Кога последен пат сте го напуштиле домот без да го понесете вашиот мобилен телефон? Дали некогаш сте биле сами на вечера? Доколку се чувствувате пријатно самите со себе, без да ви е потребно друштво, ќе уживате во секој миг од животот. Без разлика дали имате партнер или не, времето кое ќе одвоите само за себе е многу важно. Не дозволувајте никој да ве спречи од правењето на работите кои вие ги сакате. Вашата наредна цел нека биде нешто што не би го направиле самите. Откако ќе го направите тоа ќе се чувствувате силни, слободни и самоуверени.

Сонувајте

Не плашете се да сонувате. Силните жени знаат дека можат да го остварат тоа што го замислиле и веруваат во себе. Доколку навистина верувате во вашите соништа, тогаш можете и да ги остварите.

Охрабрувајте ги другите

Силните жени ги охрабруваат и инспирираат луѓето околу нив. Тие не ги обесхрабруваат другите, туку им помагаат да ги откријат своите можности. Силните жени позитивно влијаат врз другите и сакаат да го извлечат позитивното од нив, како и да ги гледаат како успеваат во животот благодарение на нивната помош. Тие веруваат дека доколку ги направите другите среќни, ќе се усреќите и себеси.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva