хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 12 СЕПТЕМВРИ 2017
7 работи за подобра фитнес исхрана

Во периодот на вежбање, навистина е важно каква исхрана ќе одберете. Без разлика дали целта на нашето вежбање е слабеењето или зацврстувањето на телото, сепак е потребно да внимаваме да го одржиме нашето тело здраво и да му го дадеме сето она што му е потребно. 

post cover photo

Oва се 7 работи кои препорачуваме да ги додадете во вашата фитнес исхрана, за да се чувствувате здраво и свежо!

Млеко

Млекото е одлично за сите оние кои ја зголемиле својата физичка активност. Тоа содржи хидрирачка вода, протеини за заштита на мускулите, шеќер и калциум кој е одличен за коските. Млака шолја млеко пред спиење ќе ви помогне да се наспиете и одморите, поради неговата способност да ги поттикне хормоните серотонин и мелатонин, кои се одговорни за добриот сон.

Суво овошје

Сувото овошје содржи високо количество на природни шеќери и е извор на јаглени хидрати, па затоа е одличен енергетски засилувач. Со сувото овошје исто така внесувате доза на влакна, калиум, фитонутриенти, витамини и минерали со секој залак.

Брокула

Брокулата и спанаќот содржат влакна за подобрување на дигестијата и многу витамини и минерали, па може да се каже дека тие се едни од најздравите производи кои ќе ги најдете во супермаркетот. Тие исто така се одличен извор на фолна киселина, која се смета дека е добра за здравјето на срцето и за жените кои се обидуваат да забременат.

Домати 

Покрај тоа што доматите содржат витамин Ц, тие исто така содржат и моќен антиоксиданс наречен ликопен. Ликопенот е моќна хранлива материја која помага во спречувањето на рак на простата кај мажите.

Банана

Бананата спаѓа во совршената фитнес-храна. Таа изобилува со калиум, и го поттикнува хормонот серотонин, кој го подобрува расположението, како и лутеин, кој ги заштитува очите.

Боровинки

Боровинките содржат високо ниво на антиоксиданти кои се борат против слободните радикали. Слободните радикали се движат околу оштетените клетки, предизвикувајќи разни болести и предвремено стареење. Боровинките исто така содржат помалку калории од другите овошја.

Какао

Какаото е особено хранливо, богато со магнезиум, антиоксиданти и аминокиселини. Какаото во прав е сепак најдобриот начин за конзумирање, додадете го во млеко, овошје или најдете друг начин да го додадете во нешто што вам ви се допаѓа.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva