хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 25 СЕПТЕМВРИ 2017
Зголемете ја вашата енергија на природен начин

Заедно со студеното време пристигнува и сезоната на настинки, а со тоа на вашето тело му е потребна поголема грижа од вообичаено. 

post cover photo 

За да се заштитите од разните болести и да го подобрите вашиот имунитет за време на есенските денови, ние ви предлагаме 9 работи со кои ќе успеете да останете здрави и да си ја пружите потребната нега. 

Вежбајте

Наједноставниот начин да започнете е со трчањето. Трчањето ја зголемува вашата флексибилност, ја подобрува работата на срцето и е одличен начин за зацврстување на мускулите. За да ги заштитите вашите глуждови, најдобро е да трчате на асфалт или пак на плажа.

Јадете компир

Многумина од нас имаат дефицит на магнезиум и калиум, кои се важни за нашите мускули. Компирот изобилува со магнезиум и калиум, па затоа здравствените придобивки од него се огромни и важни за телото. Особено е важно јадењето компир за оние кои поголемиот дел од денот го поминуваат седејќи во една положба.

Направете сок од цитрони

Цитроните го поттикнуваат подобрувањето на имунолошкиот систем и помагаат во борбата против разните болести кои лесно може да го нападнат вашето тело. Исто така тие помагаат при варењето на храната и се подобра алтернатива од сите оние енергетски пијалаци кои ќе ги пронајдете во маркетите.

Создадете ваше среќно катче

Стресот за некои луѓе претставува мотиватор. Меѓутоа, за поголемиот дел од луѓето, екстремниот стрес може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Зголеменото ниво на кортизол - хормон на стресот, може да влијае врз важните биолошки функции. Затоа, создадете ваше катче без стрес, каде можете да избегате од сите и да го пронајдете вашиот мир. 

Користете женшен

Женшенот неверојатно брзо ја зголемува вашата енергија и ја подобрува здравствената состојба. Можете да го пронајдете во маркетите во својата сурова форма, или пак во форма на апче. Исто така, како секојдневен извор на женшен може да го користите и зелениот чај.

Лист од коприва

Чајот од коприва е одлична алтернатива за вашето утринско кафе. Овој лист може да помогне при проблеми со уринарниот тракт, да го забрза растот на косата, како и да се бори против заморот предизвикан од анемија.

Исклучете ги уредите 

Истражувачите советуваат да се исклучат сите уреди околу вас еден час пред спиењето. Екраните и LED светлата го преоптоваруваат вашиот мозок и го спречуваат навлегувањето во РЕМ фазата на спиењето, а со тоа прават да се чувствувате уште поуморни кога ќе се разбудите.

Водете љубов

Токму така! Водењето љубов помага во борбата против депресијата, го намалува крвниот притисок, и е одличен начин за зголемување на енергијата на почетокот на денот.

Патувајте

Понекогаш ни е потребно повеќе од добар сон и добра исхрана за да се одмориме. Кога се чувствувате преоптоварени од бурното секојдневие и ви е потребен спокој, направете план, понесете неколку добри книги и подгответе се за патување! Без разлика дали се работи за одмор на некоја далечна дестинација, или пак викенд на планина, наполнете ги батериите и вратете си го потребниот мир!

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано