хороскоп игри музика
ПЕТОК, 29 СЕПТЕМВРИ 2017
Денес е Меѓународниот ден на кафето

Кафето е дел од секојдневието на секоја личност. Некои луѓе обожаваат да го пијат во големи количини, додека пак некои луѓе не го пијат воопшто, но секако во секој дом има барем една ќесичка кафе. Може да се каже дека во нашата земја кафето е најпопуларен пијалак. Постарата генерација практикува секојдневно да пие црно кафе, додека помладите повеќе сакаат нескафе, еспресо, макијато или капучино. Каде и да отидете на гости со сигурност ќе ве понудат со кафе, а и секако „одењето на кафе“ е една од главните активности на речиси секоја личност.

post cover photo

Во нашата земја, како и во целиот свет, поголемиот дел од луѓето се вистински љубители на кафе. За нив пиењето на овој топол напиток претставува вистинско уживање. Некои луѓе обожаваат да седнат во кафуле со пријатна атмосфера и да уживаат во вкусот на топлото кафе. Некои повеќе сакаат да уживаат во горкиот вкус, додека пак други повеќе сакаат да го пијат со шеќер и млеко.

Кафето е пијалак кој се подготвува од печени зрна од растението кафе. Неговото потекло не е со сигурност утврдено, но се претпоставува дека потекнува од регионот Кафа во Етиопија. Овој пијалак за првпат се појавил во 800 година од нашата ера и до ден-денес, по нафтата, е производ со кој највеќе се тргува. Во 1670 година во Бостон е отворена првата кафеџилница. Меѓународната организација за кафе во 2015 година 1 октомври го прогласи за Меѓународен ден на кафето. Но, вистинското потекло на овој ден не може со сигурност да се потврди, бидејќи името Меѓународен ден на кафето, за првпат било употребено на прес-конференција во Њу Орлеанс одржана на 3 октомври 2009. Исто така, во Кина за првпат овој ден бил промовиран во 1997 година, а годишните прослави за денот на кафето започнале на почетокот на април во 2001 година. Тајван за првпат почнал да го слави овој ден во 2009, додека пак Непал на 17 ноември 2005. 

Голем број земји низ светот имаат свој посебен Ден на кафето, но поголемиот дел 29 септември го сметаат за Меѓународен ден на кафето. Бидејќи денес е Меѓународниот ден на кафето, ви посакуваме да го поминете во уживање на вашето омилено кафе, а еве неколку убави фотографии од различни кафиња низ светот кои дефинитивно ќе ви се допаднат.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано