хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 02 ОКТОМВРИ 2017
13-ти по ред Фестивал на новиот германски филм

Во среда на 4 октомври, по 13-ти пат ќе биде отворен Германскиот филмски фестивал во Скопје. Наградуваниот германски игран филм „Чик“ на култниот Фатих Акин ќе ја има честа да го отвори фестивалот со почеток во 20 часот во киното Милениум.

post cover photo

Особеност на овој фестивал е што филмската понуда не претставува само ексклузивно уживање за скопјани, туку филмовите на престојниот фестивал ќе може да ги погледне публика и во Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Тетово, Кавадарци, Штип и Струмица.

На самото отворање на фестивалот обраќање до публиката ќе имаат амбасадорот CР Германија во Македонија Н.Е Томас Герберих, госпоѓа Емилија Спировска од ПроКредит Банка како еден од организаторите изминативе 13 години и директорот на МКЦ, Златко Стевковски.

Во рамките на програмата се 10 современи германски наслови. По отворањето, фестивалот се сели во киното Фросина, каде ќе можат да се погледнат сите филмови.

Во Центарот за култура во Охрид фестивалот се отвора на 07 октомври и ќе трае до 10 октомври. Во центарот за култура во Прилеп филмовите ќе можат да се погледнат од 12 до 14 октомври, во Центарот за култура во Битола филмовите ќе бидат на репертоарот од 12 до 15 октомври. На универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 23 до 27 октомври, во Центарот за култура во Кавадарци од 24 до 27 октомври, во Лоја - Тетово од 25 до 27 октомври. Во Центарот за култура Струмица од 1 до 3 ноември и во театарот во Велес од 3 до 5 ноември.

Уште поголема радост е што овој фестивал изгради традиција, која не само што ги задоволува вкусовите на вистинските сладокусци на седмата уметност, туку успеа да го надразни и љубопиството на оние, кои предходно немале изграден однос кон германскиот филм.

Следните скопски проекции на останатите филмови се закажани во киното „Фросина“ во рамките на Младинскиот културен центар во периодот од 5 до 9 октомври.

Филмови како: комично сатиричниот „Тој е повторно тука“ во режија на Давид Внент, драмата „Поздрави од Фукушима“ во режија на Дорис Дери, научно фантастичниот мистичен трилер „Ние сме плимата“ во режија на Себастиан Хилгер, трагикомедијата „Тони Ердман“ во режија на Марен Аде, детскиот филм „Авантурата на Нели“ во режија на Доминик Весели, филмот за деца и младинци „На иста висина“ во режија на Јоахим Долхопф и Ефи Голдбрунер, драмата „Време на канибалите“ во режија на Јоханес Набер, драмата „Херберт“ во режија на Томас Штубер и драмата „24 недели“ во режија на Ане Зохра Берахед.

И годинава, фестивалот (http://fngf.mk/demo/) носи филмови кои без исклучок отвораат современи општествени размислувања и теми, кои ќе не нурнат во длабочини, кои ќе не натераат барем за момент да се подзамислиме, да продискутираме и конечно да се погледнеме во огледало и да направиме чесен индивидуеален опит.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано