хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 02 ОКТОМВРИ 2017
10 митови за сексот

Сексот како вечна инспирација носи и голем број на приказни со митски размери. Сега можете да ги дознаете најчестите митови за сексот, кои секако треба да ги имате на ум кога ќе тргнете на следната авантура.

post cover photo

Сексот со два кондоми е посигурен

Овој мит се пренесува со генерации, но одговорот е едноставен: сексот со два кондоми не е посигурен од заштитата со еден кондом, бидејќи поради зголеменото триење поголема е веројатноста дека тој ќе пукне. Употребувајте еден кондом за еден сексуален однос. 

Херпесот не се шири на половите органи

Херпесот на усните предизвикува вирус херпес симплекс тип 1, додека вирусот херпес симплекс тип 2 е почесто поврзан со гениталниот херпес. Во некои случаи гениталниот херпес е предизвикан вирусот херпес симплекс тип 1. Затоа, кога имате херпес на усните, подобро е да не го задоволувате вашиот партнер без кондом.

Сифилис е болест од старите времња, во денешно време ја нема

Ова е многу често мислење, а реалноста е сосема друга. Бројот на луѓе заразени со сифилис е двојно поголем од 2012 до 2016 година, дури го има достигнато најголемото ниво од 1949 година. Поради тоа, чувајте се. Оваа болест може да биде фатална, доколку не се лечите. Добрата вест е што во денешно време оваа болест тешко стига до крајниот стадиум, но доколку не се лечите таа останува во вашето тело и состојбата со текот на времето станува полоша. Во крајната фаза, 20-30 години по инфекцијата, се случуваат големи промени со коските и органите и страда целото тело. 

Орално не можат да се пренесат сексуални инфекции

Сепак треба да знаете дека гонорејата, хламидијата и херпесите се пренесуваат орално, па затоа не се впуштајте во нови авантури со партнерот, доколку не употребувате заштита. Најдобро е и двајцата да се тестирате. 

Срамните вошки ќе исчезнат со депилација на срамните влакна

Вошките можат да живеат на кое било место каде има влакна. Доколку ја издепилирате вашата интимна зона, тие можат да се преместат на веѓите, пазувите, брадата... Најдобро е да ги третирате со лосиони, креми и гелови кои ќе ги препорача вашиот лекар. 

ХИВ не се пренесува преку пиштол за тетовирање

Тетовирајте се само кај tattoo мајстори кои ги почитуваат сите прописи и редовно ги менуваат иглите со кои бојата се инјектира во кожата. Во спротивно, голема е веројатноста со тетовирање да се пренесе ХИВ, хепатит Ц и други крвно преносливи болести. 

ХПВ значи рак на грлото на матката

Не паничете веднаш доколку имате дијагноза дека сте заразени со ХПВ вирусот. Иако 99,7 % од случаите ракот на грлото на матката е предизвикан од ХПВ вирусот, тоа не значи дека секој кој ќе го добие овој вирус има и рак. Постојат повеќе од 100 типови на вирусот и поголемиот дел од нив не се високоризични. 

Употребувам апчиња, не ми треба кондом

Апчињата за контрацепција се 99% ефективни ако ги зимате по строго одредениот распоред. Но, не заборавајте дека треба да се заштитите со кондом од полно преносливите болести, освен ако не сте се тестирале веќе и вие и вашиот партнер и сте добиле негативни резултати. 

Имам менструација, не можам да затруднам 

То не е точно. Спермата може да остане во вас и до пет дена. Така што, ако сте имале однос кон крајот на менструацијата, хипотетички можете да затрудните четири дена подоцна, ако порано овулирате.

ХИВ - смртна пресуда?

ХИВ, доколку се третира на вистинскиот начин, може да биде одржлива болест. Лековите можат да го намалат вирусното оптеретување до неверојатно ниво, што ХИВ-позитивната личност не може да го пренесе вирусот на својот партнер, кој е ХИВ негативен. Затоа, при откривање на заразеноста со вирусот неопходно е да се разговара со лекар, кој на ХИВ-позитивната личност ќе ѝ ги објасни сите потребни работи и начини на однесување. 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Трпе и вели на Трпана: – Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо!

Трпана:– Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

Првиот веб сајт во светот, како што ние ги знаеме денес, бил лансиран во 1992 година и сè уште е онлајн.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран. – Конфучие

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано