хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 03 ОКТОМВРИ 2017
Домашен крем за зголемување на градите

Секоја дама секогаш сака да изгледа подобро и никогаш не е потполно задоволна со својот физички изглед. Доброто парче облека или шминка секогаш се одличен начин за да се подобри изгледот. Но, со вежбање и правилна исхрана секогаш можете вашето тело да го доведете до совршенство, но што кога имате мали гради?

post cover photo

Познато е дека градите растат во пубертетот и за време на бременоста. Тоа е благодарение на хормоните. Сигурно сега се прашувате како да ги стимулирате тие хормони да работат. Исхраната, вежбите и одредени надворешни стимуланси можат да ги активираат вашите хормони. Доколку сакате да ги зголемите вашите гради, а противник сте на пластичната хирургија, тогаш овие природни начини се одлични за вас.

Исхрана

За почеток најважно е да заборавите на брзата храна, а да додадете во секојдневните оброци повеќе храна богата со протеини. Газираните сокови заменете ги со чаеви и вода. Исто така во исхраната потребно е да додадете:

  • лен - содржи големо количество на естроген, па поради тоа се препорачува да се вклучи во секојдневната исхрана

  • соја и млеко од соја - две чаши млеко од соја дневно и резултатот ќе биде видлив за брзо време

  • грав и грашок

  • јаткасти плодови

  • хмељ

  • зелка и карфиол

Вежбање

Постојат повеќе вежби кои ќе го стимулираат растот на вашите гради. Меѓутоа, еве една која е добра да се издвои. Градното пливање е одличен начин да ги зајакнете вашите гради, а исто така да го подобрите физичкиот изглед. Пливањето двапати недели со сигурност ќе ви донесе позитивни резултати. 

Домашен крем за зголемување на градите

Овој рецепт можете да го подготвите во вашиот дом. Голем број на креми за зголемување на градите содржат штетни хемикалии, но кога кремот го подготвувате сами, тогаш знаете што употребувате и ќе бидете сигурни дека е здрав. 

Со употреба на овој крем навистина можете да успеете да ги зголемите градите, можеби ќе ви треба подолго време за да се одлучите на овој чекор, но сè е едноставно за подготвување.

Состојки

  • свежи растенија: пискавец, семки од ким, сереноа, бенедиктански трн

  • вотка

Исто така потребни ви се и блендер, стаклена тегла за конзервирање и шишенце со пипета.

Начин на подготовка

Ставете ги растенијата во блендер и убаво измешајте ги. Потоа додадете ги во стаклената тегла. Додадете ја вотката, така што ќе биде 3 цм над нивотот на растенијата. Затворете ја теглата со капак и чувајте ја 40 дена на темно и суво место. На секои три дена протресете ја теглата.

Течноста од лековитите растенија процедете ја низ газа, а потоа ставете ја во шишенцето со пипета. Тоа може да трае неколку години. Со употреба на пипетата ставете една капка на лажица лосион, убаво измешајте и масирајте ги градите. Правете помали количини од овој крем, бидејќи можете да го користите само една недела. Најдобро е течноста да ја мешате со лосион баш во моментот кога планирате да нанесувате. Измешајте мала количина и веднаш потрошете ја. 

Овој крем одлично делува бидејќи растенијата се ферментирани и нанесени директно на градите. Тоа е најбрзиот начин да ги внесете во своето тело, освен да ги јадете. Првите резултати ќе ги забележите за 4-8 недели.

Започнете веднаш!

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано