хороскоп игри музика
СРЕДА, 04 ОКТОМВРИ 2017
10 начини да го подобрите вашиот стил оваа есен

Есента се карактеризира со облачно и постудено време, кога поголемиот дел од деновите се врнежливи, но тоа не значи дека вие не треба да изгледате модерно и стилизирано. Секој момент искористете го за да го покажете вашиот модерен и уникатен стил, а еве неколку начини кои ќе ви помогнат како да ги подобрите модните комбинации.

Бели панталони со висок струк

Белите широки панталони во комбинација со шарена ролка, џемпер, блуза или кошула ќе направат да изгледате шик овој месец. Со белите панталони ќе внесете ведрина во есенските денови и ќе покажете дека не постои правило при изборот на боите кога деновите се постудени. Секако избегнувајте да ги носите кога паѓа премногу дожд.

Чанта во впечатлива боја

Доколку повеќе сакате да носите ненападна облека и облека во неутрални нијанси, тогаш одличен начин да го подобрите вашиот изглед е со тоа што ќе одберете чанта во впечатлива боја. 

Облека со уникатни дезени

Облеката не делува само на самодовербата туку и на расположението. Поради тоа, овој месец бирајте повеќе парчиња облека со уникатни дезени, кои ќе го развеселат вашето секојдневие и ќе го привлечат вниманието на сите луѓе околу вас.

bella.mk

Монохроматски изглед

Облечете се од глава до петици во една боја и изгледајте малку поразлично од другите дами. Наш предлог е да одберете сина боја, бидејќи асоцира на стабилност, интелигенција, доверба и самодоверба.

Чизми во боја

Секоја дама има кафеави, црни, крем или сиви чизми, кои секако се најлесни за комбинирање, а и највеќе одговараат за есенските комбинации. Овој месец бидете малку поразлични и експериментирајте, така што ќе комбинирате чизми во други бои, како црвена, зелена, жолта, виолетова и слично.

Шешир

Шеширот е секогаш одличен начин да изгледате поелегантно и како вистинска дама. Затоа, не двоумете се и комбинирајте го шеширот за секој ваш моден изглед.

Џепмпер наместо кошула

Џемперите со копчиња оваа есен ќе бидат вистински тренд па затоа не двоумете се секојдневно да ги комбинирате.

Јакна со крзно

Со оваа јакна никогаш нема да погрешите и секогаш ќе изгледате модерно и уникатно. Можете да ја комбинирате со сè, а покрај тоа никогаш нема да ви студи.

 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva