хороскоп игри музика
СРЕДА, 04 ОКТОМВРИ 2017
Ефективна диета со јогурт

Сигурно кога го прочитавте насловот си помисливте Леле уште една здодевна диета со ограничен број на намирници. Меѓутоа кога ќе ја прочитате целата диета и планот на оброците, веднаш ќе посакате да ја пробате. 

post cover photo

Всушност тука ќе прочитате два плана за две диети, голема јогурт диета и мала јогурт диета.

Големата јогурт диета е брз и ефикасен начин за да се ослободите од вишокот килограми кои сте ги добиле за време на викендот или постојаното „грицкање“. Оваа диета трае само пет дена и потоа се прави пауза еден месец. За овие пет дена можете да изгубите и до четири килограми - сè зависи од почетната тежина.

Малата јогурт диета трае седум дена и може да се повторува до три пати во еден циклус, односно да се држи 21 ден. Потоа се прави пауза од седум дена, а потоа може пак да се продолжи. Со оваа диета ќе намалите помалку килограми за разлика со големата, но бидејќи може да се држи три недели, на крајот резултатот може да биде 7-8 килограми помалку. 

Зошто диета со јогурт?

Јогуртот е одличен, богат со многу хранливи состојки и организмот го снабдува со калциум и бактерии корисни за нашите црева. Исто така има одредени антибактериски и антигабични својства, па затоа се „бори“ со бактериите кои не се корисни за нашиот организам. Тој помага и при варењето на храната. Одличен е и за срцето, бидејќи млечните протеини кои ги содржи, како и високото ниво на калциум, магнезиум и калиум, го регулираат крвниот притисок и работата на срцето.

Голема јогурт диета

Прв ден

  • појадок: 150 мл јогурт и 150 гр ананас

  • ручек: 50 гр 'ржен леб, чинија зелена салата прелиена со јогурт (150 мл) и зачини, 1 банана

  • вечера: 200 гр печена пастрмка без маснотии, 200 гр варен компир, 200 гр варена блитва

Втор ден

  • појадок: 150 мл овошен јогурт, 200 гр јагоди

  • ручек: 100 гр интегрални тестенини, 60 мл доматен сос, 100 мл јогурт

  • вечера: 150 гр посно кравјо сирење, 50 гр интегрален леб, 200 гр ротквица

Трет ден

  • појадок: 150 мл јогурт, 200 гр сезонско овошје (или една банана)

  • ручек: 50 гр варен ориз, 200 гр варен грашок, 200 гр салата од цвекло

  • вечера: 200 гр печено пилешко бело месо, салата од 200 гр зелена пиперка и 400 гр домат, овошен јогурт 200 мл 

Четврти ден

  • појадок: 150 мл овошен јогурт, 150 гр јаболка

  • ручек: 200 мл супа од шампињони, парче `ржен леб, 400 гр динстуван зеленчук (тиквички, модар патлиџан, моркови, шампињони)

  • вечера: 100 гр пилешки виршли, 400 гр салата од краставица преливена со јогурт (100 мл)

Петти ден

  • појадок: 150 мл јогурт со 30 гр житни снегулки

  • ручек: 200 гр варено филе од ослич, 100 гр варен морков, 200 гр варена шпаргла, 200 гр варен карфиол

  • вечера: 100 гр компир со четири лажици јогурт и зачини, зелена салата со лимон

Мала јогурт диета

Прв ден

  • појадок: 30 гр грахам печиво, 8 гр путер, 30 гр варена шунка, 150 гр јаболка, 200 мл овошен јогурт

  • ручек: 90 гр печен телешки џигер, 150 гр варен солен компир, 200 гр салата од зелка, 150 мл јогурт

  • вечера: 150 гр свежо кравјо сирење, 200 гр свеж морков, 200 гр ротквица, 30 гр `ржен леб

Втор ден

  • појадок: парче црн леб, 8 гр путер, 1 лажица мармалад, 100 гр круша, 150 мл овошен јогурт

  • ручек: 150 гр печен ослич, 100 гр варен компир, 100 гр зелена салата, 200 мл јогурт

  • вечера: 150 гр печено пилешко, 200 гр варен мешан зеленчук

Трет ден

  • појадок: 150 мл овошен јогурт, 200 гр јагоди

  • ручек: чинија тестенини со кравјо сирење, 200 мл сок од портокал

  • вечера: 2 јајца, 300 гр варен спанаќ, 125 гр варен компир, 200 мл јогурт

Четврти ден

  • појадок: парче `ржен леб, 8 гр путер, 30 гр пилешки нарезок, 100 мл сок од портокал

  • ручек: 125 гр варен ориз, 200 мл јогурт, 100 гр ананас

  • вечера: 150 гр печен мисиркин нарезок, мешана салата зачинета со лимон, 200 мл јогурт

Петти ден

  • појадок: парче интегрален леб, 8 гр путер, 1 лажица мармелад, 1 банана

  • ручек: 150 гр тестенини, 300 гр варен зеленчук по желба, 200 мл овошен јогурт

  • вечера: парче црн леб, 100 гр туна, 150 гр мешана салата по желба, 150 гр јогурт

Шести ден

  • појадок: 200 мл јогурт, 75 гр свежо кравјо сирење, 150 гр јагоди

  • ручек: 400 гр различен динстуван зеленчук, парче `ржен леб, 200 мл сок од боровница

  • вечера: едно печиво, 100 гр пилешки виршли, 2 домати, 200 мл овошен јогурт

Седми ден

  • појадок: парче пченкарен леб, 2 лажици сирен намаз, 1 краставица, 150 гр овошен јогурт

  • ручек: 200 гр печено телешко месо, 200 гр свеж зеленчук прелиен со јогурт

  • вечера: 200 гр диња, 200 гр овошен јогурт

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva