хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 09 ОКТОМВРИ 2017
Како сувата кожа да ја заштитите од дехидрација?

Поголемиот дел од луѓето сметаат дека сувата кожа и дехидрираната кожа се иста работа, но сепак се работи за две сосема различни состојби на кожата. Сувата кожа е состојба кога нема доволно природно масло во кожата и овој проблем најчесто е постојан. Дехидрирана кожа, пак може да се појави и да исчезне, бидејќи тоа е состојба кога кожата има недостаток на влажност под површинскиот слој. 

post cover photo

Кога вашата кожа е дехидрирана тогаш имате чувство на затегнатост и надворешниот слој на кожата изгледа затегнато. Доколку постојано се случува да имате такво чувство, тогаш еве неколку работи кои е препорачливо да ги правите.

Заштитете го лицето во студените денови

Студените, суви зимски ветрови можат многу брзо да ја дехидрираат вашата кожа. Затоа, секој пат кога ќе излегувате надвор, а времето е постудено, заштитете го лицето со марама или шал. Кај некои луѓе кожата на лицето е повеќе подложна на дехидрација, додека кај некои помалку. Поради тоа ако вашата кожа е почувствителна, не напуштајте го домот без марама или шал уште од првиот ден кога ќе се намалат температурите.

Внимавајте со ексфолијацијата

Доколку вашата кожа е дехидрирана тоа може да биде како последица од продукти кои ги користите за ексфолијација. Избегнувајте скрабови кои содржат хемикалии и заменете ги со природни ексфолијатори, како маслиново масло и кафе. Нежно масирајте ја кожата со кружни движења.

Заштитете се од сонцето

Сонцето исто така ја дехидрира кожата, па затоа потребно е секојдневно да нанесувате крем за заштита од сонцето, кој ќе ја заштити вашата кожа. На сите ни е познато дека сонцето може да ѝ наштети на кожата и може да предизвика предвремено стареење, но доколку вашата кожа е склона на дехидрација, тогаш ситуацијата може да се влоши. 

Поминувајте помалку време во туширање и избегнувајте врела вода

Кога вашата кожа е дехидрирана можеби туширањето подолго време ви звучи како добра идеја, но сепак тоа ги зголемува проблемите со кожата. Поминувајте помалку време во туширање и избегнувајте врела вода. Долгите туширања со врела вода ја намалуваа природната влажност на вашата кожа и тоа може да биде една од причините за дехидрација.

Избегнувајте го базенот

Една од честите причини поради која кожата дехидрира е честото пливање во базен, бидејќи водата со хлор негативно влијае на кожата. Хлорот е премногу груб за кожата, па поради тоа ја дехидира и ја остава сува и со затегнато чувство.

Купете освежувач за воздух

Во зимските денови топлењето во домот го суши воздухот и со тоа може да предизвика дехидрирана кожа. Најлесниот начин за да се справите со тоа е доколку купите освежувач за воздух. На тој начин ќе вратите дел од влажноста во воздухот, а вашата кожа ќе престане да дехидрира. 

Сменете го сапунот со кој го миете лицето

Доколку веднаш откако ќе го измиете лицето чувствувате како кожата ви е затегната и сува, тогаш е време да го смените сапунот. Грубите сапуни лошо влијаат врз кожата, па затоа одберете некој кој повеќе ќе ви одговара.

Употребувајте дневен и ноќен крем за хидрирање

Покрај сите овие работи, најдобро е редовно да употребувате Taiva Hydro Active дневен и ноќен крем, кои се идеално решение за сува и многу сува кожа, грубост на кожата и пренагласена сувост за време на третман против акни. Кремите се со лесна структура, без парабени и без силикони и моментално ја хидрираат и најсувата кожа. По најмалку 28 дена редовна употреба се забележуваат видливи и трајни резултати.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Трпе и вели на Трпана: – Трпано, замисли веќе шест дена лежам во штала покрај кравата, чекам да се отели и ништо!

Трпана:– Кога те гледа покрај себе, сигурно мисли дека веќе се отелила.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

Првиот веб сајт во светот, како што ние ги знаеме денес, бил лансиран во 1992 година и сè уште е онлајн.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран. – Конфучие

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
ladybook најчитано