хороскоп игри музика
ПЕТОК, 06 ОКТОМВРИ 2017
5 чекори до поголема плата

Се чувствувате дека работите премногу, а вашиот труд не се цени доволно? Здодевно ви е вие постојано да работите, а луѓето околу вас да напредуваат од една во другa работна позиција? Секоја личност, па дури и потајно во себе, верува дека заслужува поголема плата за својот труд, но ниту еден момент не го смета за совршен за да побара покачување од претпоставениот.

post cover photo

Еве неколку совети кои можат да ви помогнат:

Заслужете ја почитта и пофалбите на колегите

Знаете дека сте добри во тоа што го работите, но кога ќе добиете пофалба од вашите клиенти, муштерии и искусни кoлеги, тогаш тоа е вистинската работа. Зачувајте ги сите имејлови со пофалби од клиентите за коишто сте работеле или замолете ги да ви напишат за тоа колку се задоволни со соработката. Побарајте од нив и да напишат оцека за вашата работа, откако ќе завршите одреден проект. Сите тие докази подоцна ќе можете да му ги покажете на вашиот претпоставен, кога ќе дојде вистинското време. Секако, сите пофалби и признанија треба да ги заслужите. Тоа секако не е возможно доколку постојано не работите на себеси, не се усовршувате и не ги унапредувате вашите знаења и вештини.

Докажете му на вашиот претпоставен дека сте најдобри во тоа што го работите

Ништо не може подиректно да ги опише вашите достигнувања како конкретните цифри. Пробајте својата работа да ја претставите со бројки. Секако, тоа е многу полесно да го направите доколку работите во продажба, бидејќи ќе можете да ја прикажете конкретната заработка и сите достигнати, а и престигнати таргети. Но, ова не е неизводливо во другите професии. Потрудете се да ги намалите трошоците на секој проект на кој работите и да постигнете повеќе од тоа што се бара од вас. Тоа сигурно нема да помине неприметно кај вашите претпоставени, а исто така ќе ви помогне да побарате покачување на платата.

Усовршете го своето знаење и превземете нови обврски

Покажете им на вашите претпоставени дека сте спремни да превземете поголема одговорност и повеќе обврски. Потребно е тие да видат дека можат да сметаат на вас и во кризните ситуации. За да бидете спремни за таков чекор, првин треба да имате соодветни вештини и знаења. Работете на себе и усовршете го своето знаење во одредени аспекти и за тоа стекнете сертификати, кои ќе ви бидат најдобар доказ за вашето знаење, а и способности. Превземете нови обврски кои можете да ги остварите - иницијативата секогаш се цени.

Имајте храброст и побарајте поголема плата

Иако звучи очигледно, сепак за да добиете покачување, тогаш најчесто е потребно да побарате. Спроведено е едно истражување кое покажало дека 56% од вработените никогаш не се осмелиле да побараат покачување од своите претпоставени. Кај сите причината е тоа што се чувствуваат непријатно, но како ќе знаете дали ќе добиете поголема плата, па дури и во иднина, ако за тоа не прашате? Бидете самоуверени, полни со знаење, пофалби, статистики за својата работа и зборувајте со вашиот претпоставен за оваа тема.

Не прифаќајте „не“ како одговор

Можеби сте собрале храброст да поразговарате со вашиот претпоставен околку платата, но може да се случи тој да ве одбие и да ви даде образложение зошто не е во можност сега да го направи тоа. Но, сепак не прифаќајте „не“ како одговор. Ако фирмата не е во можност во моментот да ја зголеми вашата платата, тогаш прашајте што можете да направите вие за да ја смените ситуацијата. Постојат и други начини вработените да добијат одредени придобивки, а тоа да не е поголема плата. Дополнителни слободни денови, поголем лимит за телефонската сметка, периодични бонуси...

Секако, треба да се знае кој момент е вистинскиот за да можете да побарате покачување. Размислете за тоа дали вашата фирма работи добро, дали другите колеги добиваат покачувања, дали во моментов некои вработени добиваат отказ или се вработуваат нови. Треба да се вклопат повеќе работи за да има услови за поголема плата, но на вас останува да го направите тоа што е до вас. Вложувајте во своето знаење и усовршувајте се колку повеќе можете. Верувајте на крајот ќе ви се исплати!

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva