хороскоп игри музика
ПЕТОК, 06 ОКТОМВРИ 2017
Одличен рецепт за чизкејк

Одличен рецепт за сите обожаватели на чизкејк!

post cover photo

Состојки

Кора

  • 400 гр мелен кекс

  • 150 гр стопен маргарин

  • 100 мл сок од портокал

Крем

  • 150 мл слатка павлака

  • 150 гр шеќер во прав

  • 500 гр крем сирење

  • 100 мл топло млеко

  • 100 мл вода

  • 20 гр желатин

Желе

  • 300 гр замрзнато овошје

  • 100 мл вода

  • 3 лажици шеќер

  • 20 гр желатин

Начин на подготовка

За да ја подготвите кората, измешајте ги кексот, стопениот маргарин и сокот од портокал. Сè убаво измешајте и добиената смеса ставете ја во калап. Со раце убаво стиснете ја смесата. Оставете во фрижидерот да се олади додека го подготвувате кремот.

За кремот, измешајте го желатинот и водата и оставете пет минути додека желатинот не набабри. Потоа измешајте го со топлото млеко. Матете ја слатката павлака, додадете го крем сирењето, шеќерот во прав и желатинот. Се убаво измешајте. Добиениот крем нанесете го врз кората и потоа повторно вратете во фрижидерот, за кремот да се затегне додека го спремате желето.

За желето, измешајте го желатинот со вода и оставете 10 минути убаво да набабри. Во тенџере ставете го смрзнатото овошје и шеќерот и ставете на тивок оган да се загрее, а потоа зголемете го оганот за да проврие уште пет минути. Оладете и додадете го желатинот, добро измешајте и оладете го желето. Оладеното желе ставете го врз кремот. Оставете да отстои околу два часа во фрижидерот за убаво да се олади, а потоа уживајте во секое залче!

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано