хороскоп игри музика
ЧЕТВРТОК, 12 ОКТОМВРИ 2017
Хламидија - симптоми, лечење, превенција

Хламидија (Chlamydia trachomatis) е позната бактерија во областа на сексуално преносливите болести. И мажите и жените се еднакво подложни на оваа бактерија. Без разлика на сексуалниот контакт и изборот на партнер, преносот на хламидија е возможен. Периодот на инкубација на оваа бактерија трае околу 1-3 недели, а периодот од крајот на инкубацијата и појавата на првите симптоми не може да се утврди. Лошата работа кај оваа бактерија е што симптомите можат да се манифестираат и во текот на бременоста, со што ни бремените жени, ни новороденчињата не се поштедени.

post cover photo

Тестови за откривање на хламидија

Постојат неколку тестови со кои може да се открие хламидија:

  • NAAT тест

  • DNK тест

  • ELISA тест

  • DFA тест

  • култура на хламидија

Експертите препорачуваат доброволен тест на хламидија еднаш годишно, за секој случај, бидејќи доколку не се лекува последиците можат да доведат до трајна деформација на полните органи, како и траен стерилитет. 

Симптоми кај мажите

  • пецкање при мокрење

  • секреција

  • воспалени и отечени тестикули

  • чешање на пенисот

Карактеристично за хламидијата е дека по 3 недели (времето потребно за инкубација) кај 50% од мажите не се покажуваат симптомите. Поради тоа, постои можност мажот да ја има оваа бактерија, да не е свесен за тоа и постојано да ја пренесува.

Симптоми кај жените

  • пецкање при мокрење

  • зголемен вагинален секрет

  • болки во долниот дел од грбот

  • невообичаена болка за време на сексуалните односи

  • појава на крв меѓу менструалните циклуси

По 3 недели потребни за инкубација, кај 70% од жените не се појавуваат симптоми. Шансите дека ја имате оваа бактерија е многу поголема отколку шансите кај мажите, па поради тоа негативните последици на вашето здравје и здравјето на вашето потомство се многу поголеми.

Симптоми за време на бременост

  • инфекција на плодот и плодовата вода

  • предвремено пукање на водењакот и предвемено пораѓање

  • инфекција на матката по породувањето

  • можност бебето да се роди со конјуктивитис

Ризикот е голем и за вас и за вашето бебе, но сепак постои лек. Редовните тестови за време на бременоста и терапијата можат да излечат и да ги спречат наведените проблеми.

Превенција

Превенцијата е возможна. Секако потребно е да практикувате сексуални односи со заштита, доколку немате постојан партнер или добро изградена доверба со вашиот партнер. Бидете претпазливи и внимавајте на вашето здравје. Честото менување на партнери може да доведе до појава на хламидија.

Лекување

Лекувањето е исто така возможно и за тоа се употребуваат одредени антибиотици, но имајте на ум дека хламидијата може да се лекува дури откако ќе ја откриете. Редовно тестирајте се, за да не дојде до несакани последици. Доколку се случи да откриете дека имате хламидија, тогаш можете успешно да ја излечите со антибиотиците кои ќе ги препише вашиот гинеколог по прегледот и тестирањето.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva