хороскоп игри музика
СРЕДА, 18 ОКТОМВРИ 2017
Есенски комбинации според вашата градба на тело

Покрај тоа што редовно ги следите модните трендови и навистина внимавате при изборот на парчиња облека, бидејќи сакате тие секогаш да го истакнуваат вашиот уникатен и модерен стил на облекува, потребно е да бирате и модели кои највеќе одговараат на вашата градба на тело. 

Кога ќе ги одберете соодветните парчиња облека според вашата градба на тело, тогаш со сигурност ќе ги истакнете посакуваните делови, а ќе ги сокриете недостатоците. Пронајдете која е вашата градба и дознајте кои парчиња облека се идеални за вас.

Многу високи дами

Доколку сте многу висока, тогаш сигурно на вас најголем проблем ви е носењето на високи потпетици со кои изгледате уште повисоки и се издвојувате многу од луѓето околу вас. Но, како и секоја дама како и вие да им одолеете на високите потпетици? Поради тоа потребно е да одберете парчиња облека, како на пример тесни фармерки или фармерки со рамен крој, во комбинација со блуза со дезен со хоризонтални линии. На тој начин нема да изгледате толку високи. На целата комбинација можете да ѝ додадете подолго палто или мантил. Чувствувајте се совршено и уживајте во вашата висина!

Ситна градба

Доколку не сте дама којашто се карактеризира со висина и немате некои изразени облини, тогаш и на вас ви е потребно со помош на облеката визуелно да изгледате поразлично. Фармерките со висок струк и со широки ногавици, односно ѕвончести, во комбинација со широка блуза, кошула или џемпер, вовлечени во фармерките се одличен начин да изгледате „поголемо“, повпечатливо и да се чувствувате прекрасно со вашиот изглед.

Песочен часовник

Кога имате изразени облини, а тенок струк, тогаш потребно е со облеката да го истакнувате струкот. Препорачливо е да носите почесто ремени, појаси и слични додатоци кои ќе ги ставате околу струкот. Исто така, можете да одбирате фустани кои имаат врвки за врзување околу струкот. Со ваквите комбинации ќе имате привлечен и убав изглед. Исто така, подобро е да одбирате потемни нијанси на парчиња облека, а поголемо внимание да посветите на деталите.

Градба јаболко

Кај ваквата градба на тело е важно да се нагласи струкот, со цел визуелно да се избегне градбата како јаболко. Дамите со ваква градба најчесто се карактеризираат со убави, долги нозе, па затоа е најдобро највеќе нив да ги потенцираат. Доколку вие имате ваква градба на тело, тогаш одбирајте фустани и сукњи или правете комбинации со чизми кои се до или над колената.

За секоја градба

Секако постојат и модни комбинации кои одговараат на речиси секоја градба на тело. Секоја дама може да изгледа убаво и да се чувствува прекрасно во комбинација со молив сукња и кошула. Одберете ги боите кои сметате дека најубаво ви стојат и не заборавајте да облечете чевли на потпетица.

bella.mk

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано