хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 24 ОКТОМВРИ 2017
Идеи за декорирање кои ќе го освежат вашиот дом

Како што постојано го овновувате вашиот плакар и ги следите модните трендови, така треба да се грижите и за вашиот дом, бидејќи трендовите секоја година се менуваат во секоја област. Навистина е потребно постојано да правите промени во вашиот дом, без разлика дали тие ќе бидат помали или поголеми, бидејќи на тој начин веднаш ќе се чувствувате попријатно и порасположено поради освежената домашна атмосфера.

Освежувањето на домот не значи дека треба целосно да го смените мебелот, доволно е да направите неколку мали работи или да додадете неколку нови ситници или едноставно да ја смените бојата на ѕидовите. Доколку немате некоја посебна идеја или замисла за тоа што да направите, а сепак сакате да го освежите домот, овие идеи сигурно ќе ви се допаднат.

Зеленило

Најдобар начин за да го освежите домот и да направите поубава атмосфера е со растение или цвеќе. Одберете некое саксиско растение коешто највеќе ќе одговара во собата којашто ќе сакате да ја освежите. Доколку имате повеќе простор можете да одберете некое растение коешто е поголемо, а доколку просторијата е помала тогаш е доволно да одберете некое саксиско цвеќе со убава боја којашто ќе го разубави амбиентот. Исто така, доколку не сте личност која има доволно време да посветува на одржување на цвеќиња или растенија, тогаш едноставно можете да купите вештачки. Иако природните цвеќиња и растенија не само што го разубавуваат домот, туку и го освежуваат воздухот, вие сепак можете да се задоволите со вештачки. Зелената боја смирува и опушта, па затоа ќе се чувствувате одлично и со вештачкото цвеќе.

Огледало

Огледалата сè повеќе се актуелни во домовите, а особено младите ги обожаваат, бидејќи даваат поголем впечаток на пространост. На тој начин, дури и ако седите постојано во затворена соба, огледалото ќе направи таа да изгледа поголема. Бањата, спалната соба и ходникот не се повеќе делови од домот каде што треба да поставите огледало. Сега огледалото можете да го ставите каде сакате. Бидете креативни и направете го вашиот дом уникатен!

Абажур

Кога го уредувате домот, тогаш ламбите се задолжителен дел, особено од спалната и дневната соба. Сигурно обожавате навечер додека одмарате гледајќи интересен филм, во позадина да има пригушено светло од ламбата. Во денешно време можете да најдете ламби во секакви облици и бои, но оваа сезона клучен детаљ е абажурот, кој треба да биде обоен или исцртан. Ваквата интересна и уникатна ламба ќе привлекува внимание преку ден, поради шарениот абажур, а навечер ќе прави посебна атмосфера поради цртежите кои ќе се отсликуваат во просторијата. 

Тепих

Можеби за време на топлите, летни денови ги извадивте сите теписи од вашиот дом, но сега е вистинското време да го разубавите домот со нови, уникатни теписи. Одберете тепих којшто е со интересна или впечатлива боја, кој има интересни шари и додатоци, како и различен облик. Веднаш ќе забележите прекрасно освежување во домот.

Прибор за јадење

Приборот за јадење е идеален подарок, особено за пријатели кои се вселиле во нов дом. Но, тоа што навистина ќе ве воодушеви е колку новиот прибор за јадење може да го смени и освежи вашиот дом. Веднаш јадењето ќе ви стане поинтересно, а целиот амбиент ќе изгледа поелегантно и посвечено.

Перници

Најдобар начин за да ја освежите, обновите и разубавите вашата дневна или спална соба е со нови перници. Всушност не е потребно да купувате нови перничиња, доволно е само да купите нови навлаки или едноставно да ги направите сами. Одберете интересни материјали со специфични, впечатливи дезени. Можете да бирате нијанси коишто ќе се прилагодадат на боите во целата соба или едноставно одберете поразлична боја која ќе отскокнува.

 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано