хороскоп игри музика
ЧЕТВРТОК, 26 ОКТОМВРИ 2017
12 начини да го потсетите вашето момче колку го сакате

Љубовта е најубавата работа којашто може да ѝ се случи на секоја личност. Кога сте заљубени, тогаш се чувствувате среќни и задоволни. Зошто е важно секоја девојка да го потсетува своето момче колку го сака? Мажите имаат тенденција да го губат трпението кога се во врска, многу побрзо отколку жените. Понекогаш тие почнуваат да се чувствуваат здодевно. Кога девојката постојано ќе го потсетува колку го сака и прави интересни, романтични и страсни работи, тоа е исто како кога го полните мобилниот телефон, бидејќи се испразнила батеријата. 

post cover photo

Постојат голем број на убави начини за да ја покажете вашата љубов и со сигурност да го привлечете вниманието на вашиот партнер. Кога ќе почнете почесто да ги практикувате овие работи, вашата љубов ќе се обнови и вашата врска ќе стане посилна.

Правете го тоа што го сака

Секогаш кога имате слободно време и размислувате што да правите, тогаш предложете да правите работи кои тој ги сака. На пример, ако тој сака да гледа акциони филмови или пак да игра видео игри, тогаш правете го тоа.

Облечете ја вашата облека која е негова омилена

Сигурно вашето момче има неколку парчиња облека кои обожава да ги носите, бидејќи изгледате убаво, слатко или секси. Затоа, кога не знаете што да облечете или пак сакате да го изненадите, облечете ги тие парчиња облека.

Подарете му изненаден подарок

Кога вашето момче најмалку ќе очекува, тогаш дадете му подарок. Купете му нешто што долго време го посакува или едноставно изненадете го со неговата омилена торта или некоја ситница. Сигурно многу ќе се израдува!

Напишете му љубовно писмо

Најдобар начин да ги покажете вашите чувства и да изјавите љубов е преку љубовно писмо. Содржината не треба да биде премногу сериозна, можете да додадете и малку хумор. Иако љубовното писмо изгледа старомодно, сепак е одличен начин да направите добра промена во вашата врска и на интересен начин да го потсетите вашето момче колку го сакате.

Направете го неговото омилено јадење

Велат до срцето на мажот се стигнува преку стомакот. Згответе го јадењето кое тој најмногу го сака и изненадете го со вкусен оброк. На овој начин сигурно ќе го привлечете неговото внимание и ќе го потсетите дека се грижите за него.

Повторете го вашиот прв состанок

Сигурно постојано излегувате во различни кафулиња, ресторани и слично, но дали некогаш сте биле на местото каде што се запознавте? Договорете се да излезете и однесете го на местото каде што се запознавте и потсетете се на таа ситуација и разговарајте за тоа што помисливте првпат кога се видовте.

Пратете му романтична порака

Ако му пратите кратка романтична порака на мобилниот телефон, сигурно ќе предизвикате пеперутки во неговиот стомак. Изненадните слатки, кратки, романтични пораки можат да го разубават целиот негов работен ден. Давајте му комплименти за тоа зошто го сакате и кои работи кај него највеќе ви се допаѓаат.

Пратете му фотографија од вас

Кога сте разделени и можеби не сте се виделе неколку дена, тогаш пратете му фотографија од вас. Тоа може да биде селфи со кое му праќате бакнеж или пак некоја провокативна фотографија.

Оставете му слатка порака

Уште еден одличен начин да го изненадите и да предизвикате насмевка на неговото лице. Можете да му оставите порака во неговиот автомобил или во неговиот дом. Напишете на мал лист хартија нешто интересно и закачете го на некое место кое сигурно ќе го види и ќе се израдува.

Дружете се со неговите пријатели

Еден од начини за да го потсетите колку го сакате е ако се интересирате за неговите пријатели. Секогаш кога ќе бидете излезени во друштво разговарајте и запознавајте ги повеќе неговите пријатели. 

Покажете љубов во јавност

Мажите сакаат внимание, а особено кога жените тоа го покажуваат во јавноста. Бакнете го, држете го за рака, гушнете го... овие работи навистина ќе му значат и ќе направат да се чувствува подобро.

Дадете му простор

Секој сака да има време за себе и да се посвети на работите кои ги сака. Затоа, оставете го понекогаш да биде сам и да ужива во времето посветено само за него. Кога ќе му дадете простор, тогаш ќе успеете да ја одржите вашата врска и ќе изградите подобар однос.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано