хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 31 ОКТОМВРИ 2017
Интересни факти за Ноќ на вештерките

Денес е Ноќ на вештерките, празник кој потекнува од Ирците, кои овој ден го посветиле на мртвите. Со текот на годините овој празник стана светски настан, односно на овој ден во голем број земји низ светот можат да се видат луѓе и деца кои се маскирани во пострашни маски, како на пример костури, вештерки, дракули, акрепи и слично. Децата, заедно со возрасните одат од една до друга куќа, чукаат на врата и бараат бонбончиња, чоколатца и слични слатки работи.

post cover photo

Покрај тоа што децата и возрасните се маскираат, луѓето низ светот ги декорираат своите домови и дворови во чест на овој празник, така што целата атмосфера изгледа навистина страшно, но интересно. Како и секоја година, така и оваа на овој ден се прославува Ноќ на вештерките и луѓето веќе ги имаат потготвено своите домови и маски. Но, постојат некои интересни факти за овој празник кои сигурно не сте ги знаеле, а ќе ви докажат дека Ноќ на вештерките е најстрашната и најинтересната ноќ во годината.

Овој празник потекнува од стариот келтски фестивал Сауњ кој се славел на крајот на земјоделските работи. Луѓето во тој период верувале дека на овој ден се спојуваат небото и земјата и дека мртвите ќе се измешаат со живите. Келтите на 31 октомври давале жртви, како на пример стока, како дар за живите, а исто така правеле и маскенбали бидејќи верувале дека на тој начин живите ќе се смират со мртвите. Келтите многу се плашеле од починатите, па од тој страв настанала Ноќ на вештерките. Исплашени дека на овој ден мртвите ќе излезат од гробовите и ќе ги малтретираат живите, тие се маскирале во страшни маски и правеле многу голема врева, со цел да ги избркаат мртвите и да ја избегнат средбата со нив.

Сигурно знаете дека овој празник на англиски се вика Halloween, но дали всушност знаете што значи неговото име? Името е настанато од името на келтскиот празник All Hollow’s Eve, односно Вечер на светите. Тоа всушност бил пагански обичај, воведен од Грегор III и Грегор IV. Тие го вовеле како христијански обичај и траел од 13 мај до 1 ноември.

Дали некогаш сте се запрашале зошто тиквата е една од главните заштитни знаци на овој празник? Сигурно сте виделе голем број на фотографии од различни места низ светот, како луѓето прават неверојатни декорации од тиква, со очи, нос, уста или други интересни дизајни, а потоа во тиквата ставаат свеќа. Овој обичај е исто така поврзан со келтите кои верувале дека главата е најмоќниот дел од телото и дека запалена свеќа во резбан зеленчук, потсетува на човечки лик и на тој начин ќе ги истера злите духови.

Според една легенда во Ирска, се раскажува дека некој фармер, кој бил страствен коцкар, го натерал ѓаволот да се качи на дрво и таму го чувал заробен додека на дрвото цртал крст. Ѓаволот за да се освети го проколнал засекогаш да талка навечер осветлувајќи го патот со свеќа ставена во репа.

Дали знаете од кога овој празник почнал да се слави? Се верува дека во времето на старите Римјани бил одреден точниот датум. Во тоа време луѓето верувале дека душите на мртвите полесно ќе го најдат патот дома ако се гасат огновите во огништата, а на праговите се оставале вдлабнати репи или компир со запалена свеќа. На праговите исто така оставале чинии со најдобрата храна, со цел да се смилуваат злите духови.

Денес Ноќ на вештерките се слави на сосема поинаков начин, репата е заменета со тиква, која особено во Америка е најдобра за одгледување. Најголема популарност овој празник има во Америка, а главните обележја се вештерките, костурите, црните мачки и ѓаволот. Благодарение на големата популарност, овој празник вреди милијарди, бидејќи се продаваат голем број на украси, декорации и маски. По Божиќ, овој празник е најскап.

Уште една работа којашто не сте ја знеле е дека постои назив за страв од Ноќ на вештерките. Овој страв се нарекува Самајнофобија. Некои луѓе едноставно не сакаат да бидат исплашени од нивните пријатели и тоа можат да го доживеат навистина сериозно и страшно.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva