хороскоп игри музика
ВТОРНИК, 31 ОКТОМВРИ 2017
10 причини зошто треба да пиете овошно смути

Овошното смути е лесно за подготовка, а вашиот организам го снабдува со сите потребни хранливи материи. Кога редовно консумирате природна храна, како овошје и зеленчук, тогаш ја подобрувате работата на мозокот, придонесувате во намалувањето на килограмите, го зајакнувате имунолошкиот систем и му помагате на вашиот организам да се бори против голем број на болести.

post cover photo

Можеби немате доволно време за да зготвите различни јадења со зеленчук или пак да направите овошна салата, но сигурно секогаш имате време за да направите овошно смути. Трудете се секојдневно да пиете овошно смути и за брзо време ќе забележите позитивни промени.

Постојат голем број на причини зошто треба почесто да пиете овошно смути, но овие 10 сигурно ќе ве натераат да почнете уште денеска!

  • Го подобрува имунолошкиот систем и работата на мозокот.

  • Го прочистува телото и дигестивниот систем.

  • Го подобрува спиењето.

  • Прави да се чувствувате поенергични.

  • Ви помага да ги намалите вишокот килограми.

  • Го намалува чувството на глад.

  • Го подобрува здравјето на кожата, ноктите и го зголемува растењето на косата.

  • Ви помага при оформување на мускулите.

  • Одлично е за замена на обичен оброк.

  • Лесно е за подготовка, а навистина здраво за организмот.

Еве неколку идеи за вкусно, овошно смути:

Ѓумбир и банана

Исечкајте 1-2 банани и заедно со 1/2 шолја јогурт, 1 лажичка мелен ѓумбир и 1 лажица мед ставете во блендер и убаво измешајте. Пијте го ова смути секоја вечер или секое утро.

Спанаќ и јаболко

Ставете во блендер 1 исечено јаболко, 1 излупена, исечена круша, 20 бели или црни зрна грозје, 2 шолји сечкан спанаќ, 1/2 исечкано авокадо или краставица, 1/2 јогурт, 2 лажици лимонов сок. Убаво измешајте ги сите состојки и потоа уживајте во ова вкусно смути.

Бобинки, ореви и банана

Измешајте со блендер 6-10 ореви, 1/2 авокадо, 1/2 шолја јаготки, 1/2 шолја боровинки, 1/2 шолја сечена банана, 1 шолја јогурт и мешајте додека не добиете една смеса. Ова смути е одлично за почетокот на денот. Можете да додадете и малку лимонов сок по желба.

Јогурт и авокадо

За ова смути ви се потребни 1 шолја бобинки по избор, 1/2 авокадо, 1/2 манго, 1 лажица мед, 1/4 шолја млеко од бадем или кокос и 1/2 шолја јогурт. Измешајте ги во блендер сите состојки и ќе добиете превкусно смути. Доколку сакате можете да додадете зелен чај.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано