хороскоп игри музика
СРЕДА, 01 НОЕМВРИ 2017
10 придобивки од аргановото масло

Аргановото масло е многу популарно во последно време и познато е по тоа што им помага на дамите да ја одржуваат својата убавина и да водат нега за својот изглед. Ова масло потекнува од Мароко, земјата на мистериозните и егзотични зачини, билки и масла. Жените од Мароко го користат аргановото масло со векови, поради тоа што тоа има големи придобивки за кожата, косата и за целото здравје.

post cover photo

Овие 10 придобивки со сигурност ќе ве натераат да почнете да го користите уште денеска!

Го враќа здравиот сјај на кожата

Сигурно и вие, како и секоја друга дама, сте опседнати со вашата кожа. Отсега грижете се за здравјето и изгледот на вашата кожа со арганово масло. Нанесете од маслото на кожата, потоа убаво измасирајте и за брзо време ќе забележите неверојатни последици.

Го намалува лошиот холестерол

Постојат два типа на холестерол, добар и лош. Секако дека треба да внимавате на лошиот холестерол, бидејќи може да предизвика срцеви болести. Бидејќи аргановото масло е познато како незаситена масна киселина, тоа може да го намали лошиот холестерол и со тоа да го намали ризикот од срцеви болести.

Помага против акни

Акните знаат да бидат вистински проблем, а секогаш се појавуваат во погрешен момент, кога треба да одите на интервју за работа, пред некој важен љубовен состанок или некоја важна прослава. Навистина е тешко да се ослободите од нив, но треба да знаете дека лесен начин да ги третирате е со аргановото масло. Тоа има состојки кои го намалуваат воспалението и ги лечат кожните клетки, кои се оштетени со акните.

Го успорува процесот на стареење

Никој не останува вечно млад, стареењето е нешто што не може да се спречи, но за среќа може да се успори. Аргановото масло нека биде вашата нова тајна за младешки изглед! Една од најдобрите придобивки е тоа што е богато со антиоксиданти, кои се борат против слободните радикали кои ја сушат вашата кожа и го забрзуваат процесот на стареење. Додадете го аргановото масло во вашиот режим за убавина и повратете го убавиот изглед на вашата кожа, нејзината еластичност и затегнатост.

Може да спречи рак

Редовното користење на арганово масло може да го намали ризикот од развој на рак. Неговата содржина го намалува ризикот од појава на рак на простата, како и рак н кожата. 

Спречува појава на стрии

Кај секоја личност е сосема нормално да се појават стриите, но вистината е дека ниту една жена или девојка не ги сака. Една од придобивките на аргановото масло е тоа што ја подобрува еластичноста на кожата, со што се спречува појава на стрии. Тоа е благодарение на витамините А и Е кои ги содржи. Затоа, ако не сакате повеќе да ви се појавуваат стрии, тогаш редовно масирајте со арганово масло.

Совршено за чувствителна кожа

Доколку имате чувствителна кожа, нема потреба повеќе да се грижите, бидејќи аргановото масло може многу да ви помогне. Сè што треба да направите е да нанесувате мало количесто од маслото на кожата пред спиење и да оставите да делува во текот на ноќта.

Го одржува шеќерот во крвта

Проблемите со шеќерот во крвта можат да предизвикаат дијабетес, а голем број од луѓето не се сигурни какво е нивното ниво на шеќер. Најдобар начин да го одржувате нивото на шеќер во крвта е со консумирање на соодветните работи, како на пример аргановото масло.

Ги штити вашите усни

Ова масло е одлично за хидрирање на вашите усни. Секоја дама посакува убави, здрави, нежни и сочни усни, а со аргановото масло сигурно ќе го постигнете тоа. Стресот, загаденоста, слободните радикали, па дури и неправилната исхрана можат негативно да влијаат врз вашите усни. Поради тоа, измешајте неколку капки арганово масло со ванила или шеќер и потоа убаво измасирајте ги усните. На овој начин ќе направите пилинг и ќе ги отстраните мртвите клетки.

Штити од сонцето

За крај, аргановото масло ве заштитува од штетните сончеви зраци. Поприродно е од производите за заштита и одличен начин да се заштитите од изгореници.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано