хороскоп игри музика
СРЕДА, 01 НОЕМВРИ 2017
Како подолго време да останете концентрирани на работа

Да се биде концентриран во текот на целиот работен ден понекогаш е вистински предизвик. Со разговорите со колегите, личните имејлови, допишувања, пораки, како и социјалните мрежи и разгледувањето на различни веб страници, навистина е тешко да се биде посветен само на работата, да се биде потполно концентриран и продуктивно да се завршат сите работни обврски.

post cover photo

Можеби веќе долго време имате проблеми со концентрацијата и сакате да превземете нешто за да го подобрите тоа? Овие неколку начини со сигурност ќе ви помогнат!

Правете краткорочни и долгорочни планови

Сигурно дека имате некои долгорочни проекти, за кои е потребно време и напорна работа за да се завршат, но кога секојдневно ќе завршувате голем број на обврски, тогаш ќе забележите како почнувате да се чувствувате позадоволни и посигурни во себе. Поголемите обврски поделете ги на помали и трудете се да завршувате колку што можете повеќе. На овој начин ќе можете да штиклирате повеќе обврски во еден ден, наместо за цела недела.

Создадете си рутина

Создадете си одредени навики и рутини во текот на работниот ден. На пример, одредете едно исто време кога секој ден ќе заминувате на пауза. Кога знаете дека одредена работа треба да се случи во даденото време, тогаш многу повеќе ќе се посветувате на обврски, наместо да го трошите времето залудно. Можеби ви звучи чудно, но со сигурност ќе се подобри вашата продуктивност и ќе се зголеми концентрацијата.

Правете паузи и движете се повеќе

Паузите се најважни од сè! Трудете се по секоја завршена обврска да одовоите неколку минути за да направите паузи и да прошетате малку. Физичката активност е важна, особено ако постојано работите седнати пред компјутерот. Поради тоа, одморете го малку мозокот и прошетајте низ канцеларијата или излезете малку на свеж воздух. Времето кое го трошите на социјалните мрежи, искористете го за да прошетате и одморите.

Заборавете на Интернетот

За да успеете да имате поголема концентрација и поуспешно да ги завршувате работните обврски, тогаш мора да заборавите на Интернетот, односно на социјалните мрежи и веб портали кои многу често ги прегледувате. Фејсбукот, Инстаграмот, Твитерот секогаш го привлекуваат вниманието, а вистината е дека се само непотребен начин за губење време. Трудете се колку што можете повеќе додека работите да не погледнувате во мобилниот телефон, а исто така ако работите на компјутер да се концентрирате само на обврските поврзани само со работата.

Не заборавајте на ужината и хидрацијата

Ретко која личност може да работи соодветно ако е гладна. Гладта навистина знае да биде здодевна, па затоа покрај тоа што сигурно имате одредена пауза за ручек, препорачливо е да носите и помали оброци кои ќе можете да ги јадете како ужина. Друга работа, којашто е многу важна додека работите, е да консумирате доволно количество на течности, односно вода. Овие работи ќе ви помогнат да бидете повеќе концентрирани. 

Употребувајте слушалки

Слушалките се одличен начин за да им покажете на колегите дека ви е потребно да се концентрирате. Слушалките се одличен начин за да ја избегнете вревата или пак музиката во канцеларијата. 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано