хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 06 НОЕМВРИ 2017
Навики кои ги имаат силните жени

Силна жена, тоа е жена која не се плаши да изгуби, поразот нема да влијае на нејзината самодоверба, бидејќи силната жена е како феникс кој од пепелта се раѓа повторно. Ментално силната жена не дозволува никој да ја сопре, таа не се вознемирува поради мислењето на другите, силно верува во себе и своите желби и никогаш не дозволува туѓото влијание да биде пречка во остварување на личните цели и намери.

post cover photo

Кои жени се силни? Ги има во голем број, тоа се успешни жени, со успешна кариера или жени кои не зависат од своите родители или сопруг. Дали вие сте силна жена? Прочитајте ги овие навики кои ги имаат силните жени и можеби ќе се пронајдете!

Немаат страв од пораз

За силните жени поразот е животна лекција од која можат да научат многу и да извлечат поука. Тие никогаш не прават иста грешка двапати. Силните жени постојано бараат нови предизвици и никогаш не се откажуваат од своите цели. Исто така, тие не сакаат да бидат нечија копија и никогаш не се споредуваат со другите луѓе.

Секогаш се организирани и одговорни

Силните жени секогаш држат сè под контрола и се многу одговорни. Кај нив не може ништо да помине тукутака. Тие се добро упатени во нивната работа, а исто така знаат што точно прават и во приватниот живот. Тие ги организираат речиси сите прослави, одењето на одмор, финансиите... Секогаш имаат план и се држат до правилата.

Одлично се снаоѓаат во комуникацијата

Без разлика дали се работи за семејството, пријателите, претпоставениот, колегите или вработените во продавница, силните жени знаат како правилно треба да комуницираат и никогаш не очекуваат другите луѓе да ги читаат нивните мисли. Поради тоа тие секогаш се јасни и конкретни. Силната жена секогаш се спушта на нивото на личноста со која комуницира, но никогаш не се однесува вообразено. Може да се каже дека секоја силна жена зрачи со самодоверба и позитивна енергија.

Не се срамат да поставуваат прашања

Силните жени секогаш поставуваат јасни и директни прашања, кои бараат прецизен одговор. Тие не ги трошат своите зборови, ниту време, беспотребно, туку имаат некоја цел која сакаат да ја остварат. Исто така, тие секогаш им поставуваат прашања на своите соработници, бидејќи знаат дека тие не се најпаметните и во секоја ситуација кога нешто не знаат или не разбираат не се срамат да прашаат. Секогаш се желни да научат нешто ново.

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано