хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 06 НОЕМВРИ 2017
Холандскиот музички гениј гитаристот Јан Акерман во Скопје

Во организација на концертната агенција и продукција „3Гонга“, во четврток на 9 ноември со почеток во 22 часот во ноќниот клуб Станица 26 ќе настапи најпознатиот холандски и светски блуз музичар и гитарист Јан Акерман.

post cover photo

Овој седумдесет годишен музички гениј е добро познат на македонските фанови и досега неколку пати има настапувано на скопската сцена. Како соло артист има соработувано со други големи светски музичари меѓу кои Би Би Кинг, Чарли Брд, Кози Пауел, Клаус Огерман и Ајс Ти, а голем дел од својата кариера ја помина и како член на бендовите како „Брејнбокс“ и „Фокус“. Во своето музичко творештво од 60 години и повеќе има многу снимени албуми и настапи низ целиот свет. И сè уште е неуморен и полн сo енергија и отворен за нови предизвици. Витален и енергичен повеќе од кога и да е. Ова е негово петто гостување во Македонија. Но, прво скопско клупско претставување во поинтимна атмосфера. Во тој контекст Акерман вели:

„Клубот нуди потполно поинаква атмосфера од големите концертни сали. Мојот музички репертоар овој пат за скопјани ќе биде разновиден. Иако, најмногу песни ќе изведувам од албумот „Gitar in bed“, кој верувам моите фанови тука го знаат, а за мене е еден од најдобрите. На крајот на шоуто сакам да отсвирам и некои стари материјали како еден вид потврда дека во младешките денови сум бил многу „откачен“.

Со него во Скопје доаѓаат уште четворица професионалци: тонскиот мајстор Нил Денолм, Папа Коен Моленар на клавијатури, Мерин ван ден Берг на тапани и Дејвид де Марез Ојенз на бас.

Неговата музика е создавање блуз надвор од класичните граници и обратно. Фузија на повеќе различни звуци.

„Блузот секогаш беше најважната состојка за мене, страст и мотив за да создадам нешто од ништо. Тоа е нешто што не можете да го пресметате точно и кога ќе се поклопат нештата станува функционално за сите. Тоа се моментите за кои живеам. Тоа е слобода! А, границите постојат за да бидат преминати“ вели Акерман.

Во рамките на неговата долгогодишна музичка кариера Акерман има настапувано на многу големи светски сцени низ Европа, Северна и Јужна Америка и Азија.

Она што е уште поголем куриозитет за овој музичар е што тој самиот ги дизајнира своите гитари, а има и редизајнирано неколку стари гитари од 70те години на минатиот век. Уште кога имал само 11 години има направено една спојка на бас и гитара, која сега се нарекува Гибсон експлорер. Жиците биле од пијано со држач од гитара. Овој пат во Скопје ќе го донесе со себе Ј.А. Персонал – инструментот, кој има форма на винил носач на звук, ама е малку поголем и со посветла боја. Направен е во Индонезија и е негов инструмент за живите настапи.

ПР текст

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано