хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 13 НОЕМВРИ 2017
Интересни факти за мажите

Мажи... кој може да ги разбере? Има една позната изрека која вели дека жените се од Венера, а мажите се од Марс, па поради тоа жените не можат да ги разберат мажите. Тоа се само поразлични човечки суштества, кои доаѓаат од различна планета, носат чорапи со сандали, се чешаат на невообичаени места и плачат кога нивниот омилен фудбалски клуб ќе ја изгуби утакмицата. 

post cover photo

Сигурно би сакале повеќе да ги разберете. Сигурно би сакале полесно да ги прочитате, полесно да го разберете механизмот на нивната душа и да дознаете што размислуваат и што е најважно за нив. Еве неколку интересни факти за мажите кои сигурно би сакале да ги знаете!

Мажите се од Марс... на некој начин

Секако дека не се навистина дојдени од Марс, туку нивниот биолошки симбол всушност е истиот симбол на планетата Марс. Коинциденција или?

Мажите имаат поголем мозок од жените

Вистината е дека нивниот мозок е поголем, поточно поголем е околу 10%. Тоа е поради тоа што генерално мажите се поголеми од жените, имаат поголемо тело и поголема мускулна маса. 

Користат само половина од својот мозок

Познато е дека мажите не се снаоѓаат добро во мултитаскингот, а тоа е бидејќи тие ја користат само едната страна од мозокот кога завршуваат некоја задача. Додека пак жените, најчесто ги користат двете страни кога завршуваат некоја задача и поради тоа тие подобро се снаоѓаат во мултитаскингот.

Адамовото јаболко е всушност биолошко

Според легендата, причината поради која мажите имаат Адамово јаболко е тоа што јаделе од забранетото овошје во Рајската градина. Господ му рекол на Адам дека не треба да јаде јаболко, но поради тоа што тој сакал да внесе хранливи материи, сепак одлучил да јаде од јаболките и со тоа го проколнал машкиот пол засекогаш.

Некои луѓе велат дека мажите имаат „грутка“ на вратот со цел да се потсетуваат на гревот на Адам. Но вистината е дека, ова Адамово јаболко е последица од растот на машкиот ларинкс за време на пубертетот.

Мажите се повеќе склони кон зависност

Жените уживаат да поминуваат викенд со своите пријатели и да се забавуваат, особено по напорната работна недела. Кога ќе дојде викенд, се собираат, уживаат со неколку коктели, но знаат кога треба да прекинат за да не чувствуваат глабоволка наредниот ден. Мажите обожаваат да го прават истото. Но, според одредени истражувања докажано е дека мажите ја преминуваат границата и три пати повеќе можат да внесат алкохол за разлика од жените. Тие дури ја преминуваат и границата на здравото. Исто така, повеќе се склони на консумирање дроги, особено марихуана и кокаин. 

Понезависни се за разлика од жените

Мажите отсекогаш се сметало дека треба да се грижат и за жените и за семејството. Мажот традиционално е тој кој треба да запроси, да оди на работа, да ги поправа работите во домот и да ја штити својата жена. Мажите отсекогаш биле учени дека се родени преживувачи кои можат да преживеат сè. Жените пак, секогаш зависеле од своите мажи. Денеска ситуацијата е сосема поразлична, но сепак мажите сè уште се понезависни од жените. Според научни истражувања, докажано е дека мажите имаат поголемо ниво на тестостерон и тоа може да предизвика поголемо ниво на натпреварување, агресивност, независност и самосвесност. 

Повеќе се склони кон самоубиство

Во речиси секоја земја низ светот, мажите повеќе се склони на самоубиство за разлика од жените. Во Русија и Бразил, мажите за шест пати повеќе извршуваат самоубиство. Според едно истражување се смета дека причината за тоа е поради тоа што мажите повеќе патат од клиничка депресија.

Почесто се раѓаат момчиња

Според статистиките, за секои 100 женски бебиња што ќе се родат, се раѓаат 107 машки бебиња. Не постои точна научна причина поради ова, но постојат теории кои велат дека поголемата пропорција на машки бебиња е поради фактот дека за 25% е поголема веројатноста дека момчињата умираат во текот на нивното детство.

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
kaputi GIF bella
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано