хороскоп игри музика
ПОНЕДЕЛНИК, 13 НОЕМВРИ 2017
10 грешки кои ги правите при изборот на долна облека

Сигурно ви се случило да отидете на шопинг и да најдете долна облека, која многу ви се допаѓа и би сакале веднаш да ја купите. Вистината е дека секоја дама обожава долна облека, иако тоа е дел од облеката која никој не ја гледа, а сепак прави да се чувствувате поудобно, поженствено и поелегантно. Сигурно исто така, обожавате долна облека во која се чувствувате повеќе привлечно и секси за интимните моменти со вашиот партнер. Но, дали ви се познати гришките кои ги правите при изборот на долна облека?

post cover photo

Материјалот на градникот

Избегнувајте да носите градник со тантелна, кога носите тесни блузи или блузи и кошули со проѕирен материјал или светли бои. Тантелата прави нерамнини на материјалот, а сите луѓе околу вас ќе забележат каков градник носите. Исто така, нерамнините на облеката која ја носите можат да го уништат вашиот естетски изглед. Бирајте градници кои се со мазна површина и без шевови.

Мидер или корсет

Некои дами сакаат да изгледаат исто како девојките од насловните страници. Со цел да го добијат совршениот изглед, тие купуваат мидер или корсет со помал број. Но, запомнете дека тоа е погрешно и многу штетно за вашето тело! Мидерот или корсетот смеете да го носите помалку од шест часа. Во спротивно протокот на крвта ќе биде прекинат, особено кога носите погрешен број. Многу е важно да бирате мидери или корсети кои одговараат на вашата форма на тело и се со соодветниот број.

Големина на градникот

Некои девојки и жени веруваат дека градникот со помал број може да направи ефект на поголеми гради. Но, треба да знаете дека сите доктори постојано зборуваат и советуваат големината на градникот да се бира внимантелно. Поголемиот градник нема да ви стои соодветно со што може да предизвика болка во грбот, додека пак помалиот градник може да го попречи протокот на крв. Затоа, секогаш носете градник со големина која одговара на вашето тело и гради, а доколку сакате вашите гради да изгледаат поголеми, тогаш носете push-up градници.

Бојата на долната облека

Некогаш беше тренд да се носи црн градник со бела блуза. Но, денеска тоа воопшто не е модерно и се смета за непристојно. Секогаш одбирајте боја на долна облека која одговара со облеката којашто ја носите, особено кога носите облека изработена од потенки материјали. На пример, ако носите бели панталони или бела блуза, тогаш е задолжително да носите и бела долна облека.

Домашна атмосфера

Сигурно сметате дека веднаш откако ќе пристигнете дома, можете да го соблечете градникот и да ги опуштите и одморите градите. Сепак, ова можат да си го дозволат само дамите со помали гради. Сите други дами, треба да имаат на ум дека доколку не носат градник, тогаш ќе предизвикаат протегање на лигаментите на градите. Најдобар избор за градник за домашната атмосфера е спортскиот. Тој ѝ дозволува на кожата да дише, овозможува удобност и пријатно чувство, а што е најважно од сè ги одржува градите во правилна положба.

Материјал

Облеката којашто е изработена од 100% памук е многу удобна и сигурна за вашето здравје, но многу брзо се истегнува, ја губи својата форма, а и се распаѓа. Поради тоа, кога бирате долна облека, бирајте изработена од 80% памук и 20% еластан.

Форма на гаќички

Голем број на дами сакаат да носат танга, бидејќи во неа изгледаат одлично, а покрај тоа не се приметува под облеката. Но, тангите најчесто се изработени од синтетички материјали, кои ја иритираат чувствителната кожа и предизвикуваат зголемување на бактериите и иритациите во одредени делови. Избегнувајте да носите танги секојдневно и почество бирајте поудобни модели на гаќи со попријатна форма.

Комплет

Препорачливо е секогаш да носите комплет на гаќички и градник. Односно, бирајте горен и долен дел изработен од истиот материјал, со истата боја или дезен. На овој начин ќе изгледате посредено и поелегантно, а и така ќе се чувствувате. 

Секојдневна долна облека

Уште една грешка која често ја прават многу жени и девојки е тоа што секојдневно носат свилена долна облека или мидер и корсет. Доколку го правите тоа, може да имате негативни последици, од неправилна форма на телото до здравствени проблеми. За секојдневното носење, секогаш бирајте покомотна долна облека изработена од удобни материјали.

Долна облека која одговара на вашата форма на тело

За дамите кои имаат тело во форма на круша највеќе одговараат боксерици и боксерици со тантела. Тие одлично ќе се прилагодат на вашиот задник.

 

Додека пак, дамите со облини или пак со форма на тело како песочен часовник најудобно ќе се чувствуваат во високи гаќички. На тој начин ќе имате совршен, фит изглед.

(@11)

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

– Колега, ти нов ли си?

– Да, денес ми е прв ден.

– Што имаш завршено?

– ПРАВО!

– Е па супер. Тогаш земај ја количката и терај ПРАВО кај мајсторот на скелето.

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...медузата е 95% вода.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Фустанот мора да ја следи линијата на телото, а не телото да ја следи линијата на фустанот. – Хјуберт  де Живанши

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva
ladybook најчитано