хороскоп игри музика
СРЕДА, 22 НОЕМВРИ 2017
9 одлични совети за заштита на кожата од студеното време

Се ближи почетокот на зимата и температурите постојано се намалуваат, со што студеното и суво време негативно влијае на кожата. Потребното количество на витамин Д кое вашата кожа го добива во текот на топлите месеци е значително намалено во зимските денови и затоа е потребно да најдете начин да го зачувате совршениот изглед и вашата кожа да за одржувате здрава и убава. Овие 10 совети се одлични за заштита на кожата од студеното време, па затоа почнете да ги применувате уште денеска!

post cover photo

Хидрација

Негата на кожата во студените денови не е едноставна, па затоа за почеток е важно да правите дополнително хидрирање. Сувиот, студен воздух може многу да ѝ наштети на кожата ако не практикувате секојдневна рутина за хидрирање. Важно е да употребувате производи кои на сооветен начин ќе ја хидрираат вашата кожа, односно кои ќе создадат заштитен слој на кожата и ќе ја одржуваат убава и здрава во текот на студените месеци. Практикувајте да нанесувате креми, лосиони или масла на целото тело, а не само на лицето, бидејќи на целата кожа ѝ е потребна хидрација.

Употребувајте крем за заштита од сонцето

Иако сонцето не грее како во летните денови, а во поголемиот дел од зимските денови воопшто не го ни гледаме, не значи дека тоа воопшто не грее. Сончевите зраци се штетни во зимските денови исто како во летните, но често го забораваме тоа поради студеното време. Затоа е важно да не заборавате на кремите за заштита од сонце, бидејќи на тој начин ќе спречите вашата кожа да биде сува и оштетена. Нанесувајте на сите делови кои се изложени на сонце 30 минути пред да излезете надвор. 

Исто така, многу е важно вашата кожа да ја заштитите од иритации и воспаленија предизвикани од студеното, суво време и потребно е да нанесувате квалитени производи кои обезбедуваат заштита и удобност на кожата. Одличен избор е TAIVA NEURO CELLULAR дневниот смирувачки крем, кој претставува неврокозметичка напредна технологија, чијашто уникатна карактеристика лежи во нејзината висока селективност за анти-воспалителни рецептори, демонстрирана блокада на неврогени воспаленија, одличен потенцијал за пенетрација на кожата и добар безбедносен профил. Веднаш ја смирува кожата и по само 8 дена редовна употреба го намалува црвенилото и отокот, ја смирува затегнатоста на кожата, го спречува предвременото стареење и кожата изгледа ревитализирано.

Не заборавајте на рацете

Многу често се случува да заборавите на рацете кога користите производи за хидрација, но треба да запомните дека грижата за кожата на рацете е најважна од сѐ. Кожата на рацете е потенка од кожата на другите делови на телото, па поради тоа ѝ е потребна поголема нега и внимание. Во студените денови, кожата на рацете постојано е сува, а се случува да дојде и до ситуации кога таа е навистина груба и пука. Хидрирајте ги рацете по секое миење, а препорачливо е да користите производи кои содржат масло. Исто така, секогаш пред да излезете задолжително нанесувајте хидратантен крем и практикувајте да носите ракавици кои содржат памук. Волната понекогаш знае дополнително да ја иритира кожата.

Избегнувајте мокри чорапи и ракавици

Во зимските денови често се случува ракавиците и чорапите да се намократ, особено кога паѓа снег или дожд. Доколку вашите чорапи или ракавици се намократ, тогаш мора веднаш да ги соблечете или да ги исушите. Влажноста многу побрзо предизвикува вашата кожа да биде сува во студените денови.

Консумирајте повеќе вода

Одличен начин за да се справите со сувата кожа е ако ја третирате однатре, односно ако го внесувате потребното количество на вода. Трудете се да консумирате колку што можете повеќе вода. Некои велат дека е мит тоа дека водата може да ѝ помогне на вашата кожа, но не можете никако да наштетите ако редовно пиете, зарем не?

Набавете освежувач на воздухот

Сигурно во студените денови едвај чекате да стигнете дома и да се замотате во ќебе и да седите покрај топла греалка. Но, греалките или другите апарати за греење испуштаат топол, сув воздух кој воопшто не помага кога станува збор за хидрирање на кожата. Освежувач на воздухот може многу да ви помогне во грижата за кожата во зима. 

Избегнувајте туширање со жешка вода

Сигурно во студените денови обожавате туширање со многу топла вода, но тоа е многу штетно за вашата кожа. Топлината негативно влијае врз липидните бариери на кожата со што предизвикува губење на природната влажност. Препорачливо е да се туширате со млака вода. 

Запознајте ја вашата кожа

Дознајте каков тип на кожа имате. На тој начин ќе знаете како подобро да се грижите за неа. Доколку вашата кожа е сува во текот на цела година, тогаш е потребна поголема нега за разлика од кожата која е природна мрсна. 

Третирање со мед

Тоа што треба да го знаете е дека медот е одличен за нега на кожата. Измешајте мед и шеќер и нанесете го на потребните места за да ја намалите иритацијата и да ја направите вашата кожа нежна и мека. 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Bella Zimska Bajka
ladybook СВЕЖО
Taiva