хороскоп игри музика
СРЕДА, 15 НОЕМВРИ 2017
Главни трендови за есен/зима 2017

Почнавте ли да ги комбинирате парчињата облека според најновите модни трендови? Есента оддамна започна, а се ближи и почетокот на зимата, но тоа не значи дека не треба да зборуваме за модните трендови кои ќе ја одбележат студената сезона.

Секоја дама која ја обожава модата сигурно досега во својот плакар има барем неколку парчиња облека кои се според најновите трендови, но доколку сѐ уште не сте направиле есенски шопинг или не сте го спремиле плакарот за престојната зима, тогаш време е да дознаете со какви парчиња облека треба да се подновите, за да бидете модерна дама која ги освојува погледите на сите. Можеби поради студеното време повеќе сакате парчиња облека кои ќе ви овозможат топлина и удобност, но оваа сезона модата е потполно посветена на боите, дезените, веселиот изглед и гламурот. Може да се каже дека оваа сезона се слави уникатноста и индивидуалниот стил на облекување, па затоа сега е вистинското време за да ги направите посакуваните експерименти.

Во студените, сиви денови носете ги парчињата облека во боите кои највеќе ги сакате, без разлика на тоа дали се впечатливи, весели, светли или темни нијанси. Комбинирајте различни стилови, дезени и бои и чувствувајте се посебно. Овие трендови се главни за есен/зима 2017, па погледнете што сѐ доминира во светот на модата.

Сребрени парчиња облека

Веќе неколку сезони е голем тренд да се комбинираат металик парчиња облека и модни додатоци, но оваа сезона сребрените дефинитивно доминираат. Почнувајќи од јакни, чевли, чанти, па сѐ до здолништа, панталони и фустани, не двоумете се да ѝ дозволите на сребрената боја да стане ваш заштитен знак оваа сезона. Резултатот дефинитивно ќе биде уникатен изглед, а вие ќе се чувствувате прекрасно поради тоа.

Етно дезени

Познато е дека трендовите од минатото сѐ повеќе се враќаат и модните дизајнери се трудат да креираат парчиња облека кои потсетуват на модата од минатите векови, а сепак се во чекор со новитети на високата мода. Оваа сезона пак во тренд се модните комбинации со етно дезени, односно парчиња облека со дезени инспирирани од нашата, како и од странската традиционална облека. 

Двоен тексас

Комбинацијата во тексас од глава до петици беше видена и претходниве сезони, а дефинитивно ќе биде тренд и оваа зима. Чувствувајте се прекрасно во вашите омилени тексас парчиња облека.

Плетена облека

Плетената облека исто така последните години е сѐ поголем тренд, но оваа сезона се тренд плетени парчиња облека кои се пошироки и во кои дефинитивно ќе се чувствувате пријатно, удобно и топло. Уживајте во пријатни џемпери со плетка од квалитетни, меки материјали.

Крзно во впечатливи бои

Крзното и бундите и оваа сезона ќе бидат актуелни, но највеќе оние кои се со впечатливи и весели бои. Не двоумете се да одберете крзнено палто во црвена, розова, портокалова, сина, зелена или некоја друга боја. Секако можете да ги носите и добро познатите кафеави, црни, бели будни, но помодерно ќе изгледате со весели бои.

Деловен изглед

Оваа сезона деловниот изглед не е само за на работа! Чувствувајте се тренди и во тек со модата во вашите омилени деловни парчиња облека каде и да заминете. Повеќе нема потреба да се чувствувате премногу сериозно и професионално на забавите после работа, бидејќи ќе изгледате потполно модерно со вашиот деловен изглед.

bella.mk

Дезен со точки

Изгледа дека дезенот со точки засекогаш ќе биде во мода, бидејќи долги години дамите кои преферираат парчиња облека со ваков дезен се сметаат за модерни и со добар стил на облекување. Особено ако одберете бели парчиња облека со црни точки, ќе оставите впечаток на дама која е во чекор со високата мода.

Галактички дезени

Еден поинаков дезен инспириран од галаксијата, а оваа сезона навистина доминираше на модните писти каде што моделите ја презентираат облеката на светските познатите брендови. Галактичките дезени веднаш ќе ве освојат, бидејќи ќе направат да изгледате посебно, а сепак можат да го задржат вашиот елегантен, женствен или модерен изглед.

Спортска облека

Можеби сте поспортски тип па постојано правите комбинации со спортски парчиња облека или пак парчиња со машки крој, но доколку не тогаш оваа сезона сигурно ќе посакате бидејќи овие комбинации ќе доминираат насекаде! Јакните, блузите, панталоните или сукњите во спортски стил владеат низ улиците во светските модни престолнини.

Тиркизна комбинација

Тиркизната боја е одличен начин да внесете малку позитивна енергија во сивите, зимски денови. Не двоумете се да се облечете во тиркиз од глава до петици. Не само што ќе бидете впечатливи, туку вие и ќе изгледате елегантно и софистицирано.

Леопард дезен

Можеби не сте обожавател на ваков дезен, но треба да знаете дека оваа сезона овој тренд повторно се враќа и дефинитивно ги освојува сите. Покажете ја вашата дива страна и правете соодветни комбинации, кои на посебен начин ќе ја истакнат вашата модерна и уникатна страна.

Карирана облека

Може да се каже дека карираната облека е безвременска и овој дезен засекогаш ќе биде омилен за дамите, без разлика на тоа каков стил негуваат. Оваа сезона бирајте волнени парчиња облека со кариран дезен и чувствувате се модерно во вашето секојдневие.

Сино-црна комбинација

Можеби за некого ова е малку необична комбинација, но мастило сината и црната оваа сезона се вистински хит. Не двоумете се за ваквите комбинации и покажете уникатност со моменти на мистериозност.

Размислувајте розово

За крај, омилената боја на голем број на дами ќе доминира и оваа зима. Повторно уживајте во комбинации со вашите розови парчиња облека и бидете доминантни и впечатливи! Не само што ќе покажете нежност или доминантност, во однос на тоа каква нијанса на розова ќе одберете, вие со сигурно ќе изгледате уникатно, а останатите ќе завидуваат на вашиот стил на облекување.

 

 

Извлечи колаче порака
dermaplus
Виц

Пред операција анестезиологот го прашува Трпе:
– Сакаш анестезија која е покриена со твоето здравствено осигурување или приватно?
– Дајте ми од таа што е покриена со осигурувањето.
– Договорено. Нани ми нани…

BMR КАЛКУЛАТОР

ПРЕСМЕТАЈ КАЛОРИИ

  калории дневно - Вашиот Основен метаболички степен (BMR)

Основен метаболички степен е најниската потрошувачка на енергија неопходна за одржување на виталните процеси на телото во текот на 24 часа. Односно, ја претставува минималната количина на енергија потребна за непречено функционирање на срцето, белите дробови, нервниот систем, бубрезите, црниот дроб, цревата, мускулите, кожата, итн. Вашиот BMR не ги вклучува калориите кои се согоруваат од нормалните дневни активности или вежби. Дополнително вежбање го зголемува вашиот BMR, го подобрува вашето здравје и способноста на вашето тело да гори повеќе енергија. Потребни ви се:
  •    - калории дневно за да ја задржите истата тежина
  •    - калории дневно за да загубите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да загубите 1 килограм неделно
  •    - калории дневно за да качите 0.5 килограми неделно
  •    - калории дневно за да качите 1 килограм неделно
Најдобар начин за губење на телесната тежина е преку правилна исхрана и вежбање. Намалувајте ги калориите постепено и внимавајте да не ги намалите под 1000 калории дневно. Брзото слабеење може лошо да се одрази врз вашето здравје, а исто така и допринесува до брзо враќање на загубените килограми. Губете килограми постепено, обидете се да одржите баланс во исхраната. Конзулмирајте ги сите хранливи состојки кои ви се потребни, но во помали количини. Совети
  • пијте 6/8 чаши вода на ден
  • јадете чести но мали оброци
  • јадете многу свежо овошје и зеленчук
  • избегнувајте кафе и алкохол
  • избегнувајте преработена храна како што е белиот шеќер
  • избегнувајте црвено месо и животински масти
  • намалете го внесувањето на млечни производи
  • вежбајте минимум 3 пати во неделата
Калкулаторот обезбедува одлична претпоставка и може да се користи како водич, но за најточни информации консултирајте се со вашиот нутриционист или доктор. Калкулаторот е направен по Mifflin - St Jeor равенката.
Ве молиме внесете ги сите полиња за да можеме да го пресметаме вашиот БМР.
Target baner

BMI КАЛКУЛАТОР

BMI Result

Што е BMI?

Индекс на телесната маса е показател на нутритивниот статус на еден поединец и важи за лица постари од 18 години. Со BMI калкулаторот можете да пресметате дали имате прекумерена, поднормална или нормална тежина. Здрав BMI резултат би бил оној измеѓу 20 и 25.

БМИ го покажува односот помеѓу тежината и висината на телото, но не се зема во предвид составот на телото. Тој не може да го илустрира точниот процент на телесните масти во однос со мускулите или коскената маса.

Поединци со висок БМИ се категоризирани како дебели, но постојат и исклучоци. На пример, кај многу крупните луѓе, бодибилдерите, бремените жени и луѓе пониски од 1.5 метар, БМИ индексот е голем, но тоа не значи дека тие се дебели бидејќи процентот на мускулите и коскената маса во однос на висината е голем.

Ве молиме внесете ги сите полиња за да може да го пресметаме вашиот БМИ.
Знаевте ли дека...

...растенијата имаат чувства.

fraerlook na Ladybook
Цитат

Ако поставиш прашање, значи дека веќе знаеш половина од одговорот. - Кинеска поговорка

fraerlook na Ladybook
ladybook галерија играј на пауза музиче ladybook
ADS
Cosmostore baner
ladybook СВЕЖО
Taiva